+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе подетално се осврнуваме на сметководствените и даночните аспекти на последиците, вклучително и на надоместоците на штета кои произлегуваат од раскинувањето на договорите…

Институтот за сметководители и овластени сметководители на РМ, на 5 Декември 2016 година објавени се нови соопштенија / јавни повици во однос на стекнување на уверение за сметководител, односно овластен сметководител кои може да ги симнете со клкнување на повеќе…

Во Службен весник на РМ број 212 од 2016 година објавени се нови Правилници од Законот за вршење на сметководствени работи со кои се објавени и нови обрасци на Барање за добивање на уверение за сметководител и овластен сметководител согласно Новините во Законот за вршење на сметководствени работи…

Застареност е правен институт кој претставува протек на време во кое имателот на некое право ја губи можноста тоа право да го оствари по присилен пат. Застареноста претставува одредено временско ограничување до кое на доверителот му се гарантира правна можност за наплата на побарувањето. Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на општите прописи за застареност како и на роковите за застареност утврдени со посебни закони…

Каков е даночниот третман од аспект на персоналениот данок на доход на исплатените надоместоци на пеачите и водителите за настапи во изборната кампања и како треба да се вршат плаќањата на данокот ?

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе ги разгледуваме двете постапки одделно при што ги прецизираме спецификите на постапката на одобрување на големи зделки како и на постапката на одобрување на зделки со заинтересирана страна кај АД и ДОО….

Нашето друштво купи неколку апартмани во објект за времено сместување А4 (хотел) во Охрид кои се во изградба со намера за нивна понатамошна продажба. За таа цел склучивме преддого-вор за купопродажба со инвеститорот кој истовремено е и градител и изведувач и истиот по из-вршената парична уплата од наша страна ни достави авансна фактура во која е наведено “аванс за апартман во објект за времено сместување А4 (ХОТЕЛ) со квадратура X м2 и логија Y м2”. Во авансната фактура која ја добивме посебно е искажан данокот на додадена вредност по стапка од 18%. За да добиеме потврда дека станува збор за апартмани, а не за станови од инвеститорот побаравме и истиот ни достави и одобрение за градба во кое е наведено дека се одобрува изградба на објект за времено сместување А4 (хотел) од трета категорија на градба – апартмани со компактибилни намени. Ве молам да ни одговорите дали имаме право да го одбиеме влезното ДДВ од 18% искажано во авансната фактура.

Нашето брокерско друштво не е регистрирано за цели на ДДВ. За различни клиенти (физички или правни лица) обезбедуваме услуги на купување и продавање на хартии од вредност (акции, удели обврзници и други хартии од вредност). Покрај наведената услуга за одредени клиенти почнавме да обезбедуваме и услуги на управување со портфолио на хартии од вредност. Дали до колку од оваа услуга на управување со портфолио на хартии од вредност оствариме промет на 1.000.000 денари треба да се регистрираме за ДДВ и како во таков случај да постапуваме со влезното ДДВ, односно на што ќе имаме, а на што ќе немаме право на одбивка на влезното ДДВ.

Дали до колку и во едното друштво и во другото друштво работодавачите одлучат да ми уплаќаат придонеси за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување (трет пензиски фонд) во износ од четири просечни месечни бруто плати во Републиката и едниот и другиот работодавач ќе бидат ослободени од персонален данок на доход, односно наведените трошоци ќе им бидат даночно признати за цели на данокот на добивка и во двете друштва согласно член 158 став 1 од Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување?

Во однос на даночниот третман на остварената провизија од продажба на автобуски (железнички) карти за меѓународен превоз на патници се осврнуваме во Написот кој може да ги симнете со кликнување на повеќе…

Еден од начините на престанок на важноста на договорот за вработување е раскин на договорот со спогодба. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на спогодбениот раскин на договорот за вработување, како и на сметководствениот и даночниот третман на испратнината која може да биде договорена при спогодбен престанок на работниот однос…

Во написот кој може да го симнете со кликнување на преземи се осврнуваме на сите активности кои е потребно да се преземат за успешно извршување на пописот за 2016 година, а со кликнување на преземи Теркови на акти за попис, Ви даваме повеќе Одлуки, Правилници и Упатства за нормативно регулирање на пописот кои Ви ги презентираме во Microsoft word формат со цел полесно да ги прилагодите на вашите потреби…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.