+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник

МСФИ е Вeсти: Известувања на Институтот за сметководители и овластени сметководители во однос на поднесување на барања за добивање на уверенија за сметководител, односно овластен сметководител

Согласно најновите измени на Законот за вршење на сметководствени работи објавени во Службен весник на РМ , број 190/2016 и Правилниците донесени врз основа на овој Закон објавени во Службен весник на РМ, број 212/2016, од страна на Институтот за сметководители и овластени сметководители на РМ, на 5 Декември 2016 година објавени се нови соопштенија / јавни повици во однос на стекнување на уверение за сметководител, односно овластен сметководител во согласност со Законот и тоа:

  1. Соопштение за лицата кои веќе имаат поднесено документација најдоцна до 10 Октомври 2016 година по првиот објавен повик на Институтот од 29.09.2016 година
  2. Соопштение за лицата кои имале добиено уверение од Министерството за финансии но во рокот до 10 Октомври 2016 година, односно по првиот објавен повик од 29.09.2016 година не поднеле барање до Институтот
  3. Соопштение за поднесување документација за лица кои досега се немаат стекнато со уверение за сметководител/ овластен сметководител, а сега согласно со измените на Законот за вршење на сметководствени работи го исполнуваат тоа право

 

Во продолжение Ви гo даваме интегралниот текст на предметните соопштенија:

 

  1. Соопштение за лицата кои веќе имаат поднесено документација најдоцна до 10 Октомври 2016 година по првиот објавен повик на Институтот од 29.09.2016 година

Почитувани,

Ги известуваме лицата кои имаат поднесено документација по првиот објавен повик, носители на уверение за сметководител и овластен сметководител стекнато од Министерството за финансии, дека истата се смета за поднесена.

Во Прелиминарната евиденција можат да проверат дали имаат целосна документација по повикот и доколку не се на листата и имаат комплетна докуметација, ке бидат повикани да го подигнат своето трајно уверение од Институтот. Доколку имаат некомплетна документација се повикуваат истата да ја дополнат за да се стекнат со уверение, повеќе информации можат да добијат на +389 (0)2 3200030.

Лицата кои немаат поднесено документација а се носители на уверение за сметководител или овластен сметководител, истата можат по известувањето од 05.12.2016 за лица со уверение, да достават во утврдениот рок до 16.12.2016.

Лицата кои досега се немаат стекнато со уверение, барања можат да доставуваат до крајот на годината.

Со почит,

ИСОС

 

 

2) Соопштение за лицата кои имале добиено уверение од Министерството за финансии но во рокот до 10 Октомври 2016 година, односно по првиот објавен повик од 29.09.2016 година не поднеле барање до Институтот

Почитувани во согласност со најновите измени на Законот за вршење сметководствени работи Ве известуваме:

  • За поднесување документација за лица кои се стекнале со уверение за сметководител / овластен сметководител во согласност со Законот потребно е:

(1) Лицата кои се стекнале со уверенија за сметководител односно овластен сметководител согласно членовите 48, 49 и 50 од Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/12) и членовите 5 и 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14), можат во рок од 60 дена од денот на влегување во сила на овој закон да поднесат барање до Институтот за издавање на ново уверение за сметководител односно овластен сметководител согласно условите под кои ги стекнале уверенијата издадени од министерот за финансии.

(2) Кон барањето од став (1) на овој член до Институтот задолжително се доставува оригинал или копија заверена на нотар од уверението за сметководител односно овластен сметководител издадено од министерот за финансии.

(3) Институтот е должен на лицата од став (1) на овој член да им издаде ново уверение за сметководител односно овластен сметководител во рок од 60 дена од денот на поднесување на барањето.

(4) Со денот на издавање на уверенијата од став (3) на овој член престануваат да важат уверенијата издадени од министерот за финансии.

(5) На лицата кои во рокот од став (1) на овој член нема да поднесат барање до Институтот за издавање на ново уверение за сметководител односно овластен сметководител им престанува важноста на постојните уверенија за сметководител или овластен сметководител издадено од министерот за финансии и врз основа на истите немаат право да вршат сметководствени работи.

Образецот на Барањата за сметководител/ овластен сметководител ке ги најдете на нашата веб страна во делот регулатива.

Доказ за уплата на надоместокот за добивање уверение – Институт на сметководители и овластени сметководители ИСОС

Жиро с-ка: 380177109305138 Депонент:  Прокредит Банка

Цел на дознака: уплата за надоместок Износ: 1000,00 ден.

 

 

3) Соопштение за поднесување документација за лица кои досега се немаат стекнато со уверение за сметководител/ овластен сметководител, а сега согласно со измените на Законот за вршење на сметководствени работи го исполнуваат тоа право

 

Почитувани во согласност со најновите измени на Законот за вршење сметководствени работи Ве известуваме:

  • За поднесување документација за лица кои досега се немаат стекнато со уверение за сметководител/ овластен сметководител во согласност со Законот потребно е:

Со статус на сметководител или овластен сметководител се стекнува лице кое ги исполнило условите од членовите 15 и 16 од Законот и се стекнало со трајно уверение за сметководител, односно овластен сметководител од Институтот.

Член 15

(1) Лицето кое сака да се стекне со статус на сметководител или овластен сметководител до Институтот поднесува писмено барање за стекнување на уверение за сметководител, односно овластен сметководител.

(2) Кон барањето за стекнување уверение за сметководител задолжително се доставува:

1) доказ (уверение) за завршено средно економско образование и потврда од работодавач за работно искуство од најмалку три години од областа на сметководството, или

2) доказ (уверение) за завршено тригодишно високо образование од областа на економијата или бизнисот, односно завршени студии според Болоњската декларација и има 180 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) и потврда од работодавач за работно искуство од најмалку две години од областа на сметководството, или

3) доказ (уверение) за завршено четиригодишно високо образование (VII/1 степен) од областа на економијата или бизнисот, односно завршени студии според Болоњската декларација и има 240 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) и потврда од работодавач за работно искуство од најмалку една години од областа на сметководството и

4) доказ за уплата на надоместокот за добивање трајно уверение за сметководител.

(3) Кон барањето за стекнување уверение за овластен сметководител задолжително се доставува:

1) уверение за завршено четиригодишно високо образование (VII/1 степен) од областа на економијата или бизнисот, односно завршени студии според Болоњската декларација и има 240 кредити според европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС),

2) потврда од работодавач за работно искуство од најмалку три години од областа на сметководството и

3) доказ за уплата на надоместокот за добивање уверение за овластен сметководител.

(4) Документите од ставовите (2) и (3) на овој член се доставуваат во оригинал или во копија заверена на нотар.

(5) На лицето кое ги исполнува условите од ставот (2), односно ставот (3) од овој член, Институтот му издава уверение за сметководител односно за овластен сметководител во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето.

(6) Формата и содржината на барањето од став (1) на овој член како и формата и содржината на уверението за сметководител односно овластен сметководител ги пропишува министерот за финансии.

Образецот на Барањата за сметководител/ овластен сметководител ке ги најдете на нашата веб страна во делот регулатива.

Доказ за уплата на надоместокот за добивање уверение -Институт на сметководители и овластени сметководители ИСОС

Жиро с-ка: 380177109305138 Депонент:  Прокредит Банка

Цел на дознака: уплата за надоместок Износ: 1000,00 ден.

 

Член 16

(1) Лице кое добило лиценца за овластен ревизор може да се стекне со статус на овластен сметководител на начин и услови утврдени со овој закон.

(2) Лицето од став (1) на овој член за стекнување на статус овластен сметководител до Институтот е должно да достави барање и:

1)лиценца за овластен ревизор во оригинал или копија заверена на нотар и

2)доказ за платен надоместок за издавање уверение за овластен сметководител.

(3) Институтот на лицето од став (1) на овој член му издава уверение за овластен сметководител во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.

(4) Овластениот ревизор кој стекнал уверение за овластен сметководител не може кај едно правно лице истовремено да врши работи на овластен сметководител и на овластен ревизор.

Образецот на Барањата за сметководител/ овластен сметководител ке ги најдете на нашата веб страна во делот регулатива.

Доказ за уплата на надоместокот за добивање уверение -Институт на сметководители и овластени сметководители ИСОС

Жиро с-ка: 380177109305138 Депонент:  Прокредит Банка

Цел на дознака: уплата за надоместок Износ: 1000,00 ден.

  • Објавено на: 06/12/2016
Print Friendly
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.