+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




МСФИ Вести: Продолжено ограничувањето на трговските маржи кај одредени прехранбени производи до 30 април 2023 година

Во Службен весник на РСМ број 283 од 27.12.2022 година објавена е измена на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки со која се продолжува рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи. Според Одлуката на Владата оваа мерка ќе се применува до 30 април 2023 година.

Наведеното значи дека останува да важи замрзнувањето на маржата на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало пропишано со Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки (“Службен весник на РСМ, бр.135/22, 137/22, 206/22 и 217/22).

Одлуката за продолжување на мерката до 30 април 2023 година е наметната како резултат на потребата од ограничување на растот на цените на мало на основните прехранбени производи бидејќи состојбите на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани.

Листата на производи за кои е пропишана ограничена трговска маржа во трговијата на големо и трговијата на мало, е прикажана во следниот Преглед:

Р. бр.

Производи

Вкупен % на

маржа во

трговија на

големо

% на маржа

во трговија

на мало

Со важење од 15 јуни:
1 Леб бел (сечен на парчиња или цел)

5%

5%

2 Шеќер бел

5%

5%

3 Сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло)

5%

5%

4 Брашно од пченица – тип 400 и тип 500

10%

10%

5 Макарони и шпагети и од тврда пченица

10%

10%

6 Македонски ориз бел

10%

10%

7 Трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%

10%

10%

8 Јајца од кокошка

10%

10%

Со важење од 7 октомври:
9 урда

10%

10%

10 кравјо бело сирење и мешано бело сирење

10%

10%

11 кашкавал

10%

10%

12 кисело млеко и павлака

10%

10%

13 јогурт

10%

10%

Согласно одлуката висината на трговска маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот ланец на леб бел (сечен на парчиња или цел), шеќер бел и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло) за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец да изнесува до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало.

Највисоката трговска маржа за следните стоки: брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, јајца од кокошка, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува во висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало.

Останатите одредби од Одлуката остануваат исти и тоа за наведените трговски стоки за кои се применува Одлуката не се пресметуваат оперативни трошоци и не се одобрува рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо и тоа за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови односно полици (примарни и секундарни позиции).

Заради усогласување со претходно наведеното во однос на забраната за одобрување на рабат и наплата на надоместоци за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови односно полици се склучуваат анекси кон склучените годишни договори за продажба во трговскиот ланец помеѓу добавувачите (трговците на големо) и купувачите (трговците на мало), или се склучуваат нови договори.

  • Објавено на: 29/12/2022
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.