+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




МСФИ Вести: Предлог на Закон за изменување на Законот за вработување на инвалидни лица (во 2023 година се укинуваат одделни погодности, односно даночни ослободувања кај заштитните друштва)

Во Собранието на Република Македонија во скратена постапка на донесување доставен е Предлог на Закон за изменување на Законот за вработување на инвалидни лица со кој, почнувајќи од 1 јануари 2023 година, се укинуваат одредени погодности, односно даночни олеснувања во однос на данокот на личен доход и данокот на добивка.

  1. Со член 1 од Предлог законот, во постојниот Закон за вработување на инвалидни лица (“Сл. весник на РСМ”, бр. 44/00..103/21), во членот 10 ставот 1 се менува и гласи:

“Вработените во заштитно друштво кои не се инвалидни лица и инвалиди на трудот се ослободуваат од плаќањето на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување и за нив се обезбедуваат средства од Буџетот на Република Северна Македонија„

Доколку се донесе Законот со предложениот текст, ова значи дека заштитните друштва, од 1 јануари 2023 година, се должни за вработените лица кои не се инвалидни лица и инвалиди на трудот да ги плаќаат износите по основ на:

  • данок на личен доход од работа;
  • придонес за здравствено осигурување (основно и дополнително);
  • придонес за вработување.

2..Со член 1 од Предлог законот, во постојниот Закон за вработување на инвалидни лица, во член 10 ставот 2 се брише.

Со оваа измена, од 1 јануари 2023 година, престанува да важи ослободувањето на заштитните друштва од плаќање на данок од добивка и сите давачки од добивката. Потсетуваме дека согласно постојните одредби на ставот два на член 10 од Законот за вработување на инвалидни лица, заштитните друштва беа во обврска да го изготвуваат Даночниот биланс за оданочување на данокот на добивка (Образец “ДБ”) и истиот, во пропишаниот рок да го достават до УЈП, но немаа обврска и да го платат износот на данокот на добивка утврден со наведениот образец.

Напомена: По усвојувањето на предложените измени на Законот за вработување на инвалидни лица, од наша страна ќе биде изготвен интегрален напис од аспект на законските и даночните обврски на Заштитните друштва.

  • Објавено на: 29/12/2022
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.