+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




МСФИ Вести: Објавено даночното намалување (лично ослободување) при пресметка на платите во 2023 година

Даночното намалување (личното ослободување) за 2023 година е објавено во Службен весник на РСМ број 283/2022 година. и преставува износ за кој се намалува даночната основа при пресметка на данок на личен доход и тоа при аконтативно пресметување при исплата на доход од работа по основ на плата, надоместоци на плата (со поднесување на МПИН пресметка) или при годишно пресметување на данок на доход.

Согласно Објавата на Министерот за финансии:

  • Даночното намалување (утврдено во член 10 став 2 од Законот за данокот на личен доход, за 2023 година на годишно ниво, изнесува 108.456,00 денари.
  • Даночното намалување по основ на плата, надоместок на плата и пензија во 2023 година месечно се утврдува во износ од 9.038,00 денари (една дванаестина од објавеното годишно даночно намалување).

Со кликнување подолу може да ja преземете Објавата на Министерството за финансии.

Објава на Министерот за финансии за даночното намалување за 2023 година – Службен весник на РСМ број 283/2022 година (ПРЕЗЕМИ)

  • Објавено на: 29/12/2022
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.