Интегрално ви го пренесуваме известувањето на ИСОС од 29.12.2022:
Почитувани,
Поради крајниот рок за ажурирање на податоци и зголемен број на регистрирани членови на линкот, Ве известуваме дека се појавија технички проблеми со хостингот на ИСОС за пристап до веб страната и линкот за ажурирање на податоци. Истите се повторно во функција.
Рокот за ажурирање на податоци ќе се продолжи до 03.01.2023 година.
Ви благодариме на разбирање.
Со почит,
ИСОС