+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Како се оданочуваат капиталните добивки во 2021 година кои ги остварува физичко лице при продажба на нед­ви­жен имот, продажба на удели во ДОО или ДООЕЛ, како и продажбата на друг под­ви­жен имот и не­ма­те­ри­ја­лен имот. Одговорите на овие прашања и на повеќе други прашања може да ги прочитате во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

Во Службен весник на РСМ број бр. 77/21 објавен е Законот за дополнување на Законот за трговија. Со ова законско решение кое влегува во сила со денот на објавувањето во Службен весник, односно на 6 април 2021 година престанува да важи Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 103/20, 107/20 и 134/20)…

Почитувани,Содржината можат да ја видат само претплатници на МСФИ Консалтинг.Доколку сте наш активен претплатник Најавете се за да ја видите оваа содржина.(Доколку не сте претплатник кликнете тука за да се регистрирате и да добиете информации за претлата)

Дозволата за движењето на работникот во услови на воведен ограничено движење час ќе важи исклучиво за лицето на чиешто име е издадена, од компаниите кои се регистрирани за работа во смени. Производствените капацитети и другите компании кои работат во ноќна смена во времетраење на ограниченото движење, потребно е образецот да го внесат на нивен меморандум, со потпис и печат од одговорното лице во правното лице….

Во написот кој може да го симнете си кликнување подолу на преземи даваме одговори на повеќе прашања поврзани со законското решение врз основа на кое македонските компании може да користат субвенционирање на придонесите за зголемени плати на вработените до 31 Октомври 2022 година…

Почнувајќи од 7 април 2021 (среда), сите угостителски објекти (кафеани, ресторани, барови, клубови) ќе имаат целосна забрана за гости/посетители. Оваа мерка, како што денеска одлучи Владата на Северна Македонија, по предлог на Комисијата за заразни болести ќе важи до 20 април 2021 година (среда)…

Пандемијата која започна во 2020 година за жал продолжи и во 2021 година. Оваа криза почнувајќи првично како здравствена криза предизвика огромна економска штета во работењето на македонските компании и слободно може да кажеме дека денес негативно влијае на сите сфери на општественото живеење. Во написот кој може да го преземете со кликнување подолу на преземи се осврнуваме на регулативата врзана за донациите со посебен акцент на условите, начинот и постапката за остварување на правата на даночните поттикнувања од аспект на данокот на додадена вредност и данокот на добивка.

Иако 2020 година беше особено тешка година за повеќето компании во Република Македонија како последица на пандемијата предизвика од Ковид, сепак одделни компании и во такви тешки услови добро стопанисуваа и постигнаа задоволителни резултати. Сопствениците на тие компании имаат можност на престојните собранија на акционери кај АД или собир на содружници кај ДОО или со одлука од страна на единствениот содужник кај ДООЕЛ да донесат одлука за исплата на дивиденда. Повеќе во однос на сметководствениот и даночниот третман на исплатените дивиденди во 2021 година низ повеќе примери Ви презентираме во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

Класификацијата на дадените депозити на долгорочни и краткорочни средства се прави во зависност од рокот на кој депозитот е орочен. До колку станува збор за депозити кои се орочуваат на период подолг од една година од датумот под кој се изготвуваат билансите, станува збор за долгорочни финансиски средства. До колку станува збор за депозити кои се орочуваат на рок пократок од една година после датумот под кој се изготвуваат билансите станува збор за краткорочни средства. Повеќе во врска со сметководствениот третман на орочените депозити на македонските компании во комерцијалните банки може да прочитате во Написот кој може да го преземете со кликнување подолу на преземи.

На 36-тата седница на Собранието на Република С. Македонија одржана на 25.03.2021 година започната е постапка на усвојување на Предлог Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март и истиот ќе се носи по скратена постапка. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, низ примери детално Ве запознаваме со клучните одредби на Предлог Законот во однос на правата и обврските на работодавачите по однос на користењето на оваа финансиска поддршка…

Се известуваат сметководителите, физичките лица кои вршат самостојна дејност, како и работодавачите кои го искористиле правото на финансиска поддршка за справување со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19, и поднеле некомплетно барање за пресметување на износот за враќање односно претворање во грант на финасиската поддршка до крајниот рок на поднесување 25.03.2021 година, дека најдоцна до 31.03.2021 година ќе може да поднесуваат нов – коригиран образец…

Со кликнување на повеќе може да го преземете МАРТОВСКИОТ број од 2021 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.