+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе подетално низ примери се осврнуваме на конечното оданочување со данокот на личен доход за 2020 година на физичките лица – граѓани преку добивањето на годишни даночни пријави на образецот ДЛД-ГДП. Написот има за цел да укаже на начинот на пополнување, односно постапката на контрола на внесените податоци од страна на УЈП во годишната даночна пријава (ДЛД-ГДП) во функција на правилно и точно утврдување и плаќање на годишната даночна обврска на данокот на личен доход за 2020 година од страна на физичките лица – граѓани…

За остварување на правото работодавачот поднесува Барање за финансиска поддршка за исплатата на платите на работниците за секој месец поединечно, до Управата за јавни приходи. Работодавачот со комплетно Барање (образец БФП-ИП/3), за работниците за кои побарува финансиска поддршка, во полето 3.4б. од МПИН образецот внесува шифра 5002. За внесување на шифрата 5002 во полето 3.4б од МПИН образецот работодавчите мора да ја преземат новата верзија на клиентски софтвер…

На својата 66-та седница Владата на Република Северна Македонија го усвои шестиот пакет мерки за подршка на најпогодените сектори од корона вирусот. Со овој пакет мерки за подршка на стопанството се предвидуваат следните мерки…

Врз основа на Закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година („Службен весник на РСМ“, бр. 85/2021), за остварување на правото работодавачот поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на платите на работниците (образец БФП-ИП/3) за секој месец поединечно, до Управата за јавни приходи. Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-Даноци најдоцна до 30-ти Април 2021, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 3 дена од денот на доставувањето на барањето…

Собранието на РСМ го донесе Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 и истиот e објавen во Службен весник на РСМ број 85 од 19 април 2021 година. Со кликнување на повеќе може да го симнете написот во кој низ примери Ве запознаваме со клучните одредби на Законот во однос на правата и обврските на работодавачите по однос на користењето на оваа финансиска поддршка за исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година…

Со кликнување на повеќе може да го симнете Написот во кој Ве запознаваме со клучните одредби на Законот во однос на правата и обврските на трговци поединци и самостојни вршители на дејност по однос на користењето на оваа финансиска поддршка од 17.410 денари за месеците февруари и март 2021 година…

Со кликнување подолу на преземи може да го симнете Написот во кој подетално се осврнуваме на новините во Законот за данок на личен доход и условите кои треба да ги исполнат ТП и СВД за да бидат одлободени од плаќање на аконтации на данок на личен доход за периодот јануари – мај 2021 година како и на правото на намалени за 50% аконтации на данок на доход за вршителите на занаетчиска дејност – паушалисти…

Одговорот на прашањето може да го погледнете со кликнување на повеќе…

Со кликнување на повеќе може да го преземете АПРИЛСКИОТ број од 2021 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Висината на минималната плата ќе се покачи за 1,7 проценти и почнувајќи од платата за месец април 2021 година ќе изнесува 22,146 денари во бруто износ. Во согласност со овие критериуми минималната нето плата почнувајќи од платата за месец април 2021 година ќе изнесува 15,194 денари.

На предлог на Владата на РСМ до Собранието доставен е Предлог на Закон за изменување на Законот за данокот на добивка кој е ставен како точка на дневен ред на 39-та Седница на Собранието на РСМ закажана за 21 април 2021 година. Целта на предложените измени на Законот за данокот на добивка е пропишување на законски решенија во функција на поддршка на обврзниците во справувањето со последиците од коронавирусот COVID-19…

Во праксата вообичаено е Друштвата кои се лоцирани подалеку од местата на вршење на дејноста, а со цел зголемување на продуктивноста на вработените што преставува деловен мотив на работодавачот да се јавуваат како организатори на превозот за своите вработени до и од работното место. Организацијата на превозот може да вклучува да друштвото набави сопствени превозни средства (автобус, минибус, комби и друго) или пак да ангажира друга превозна фирма која ќе ја обезбеди услугата за превоз на вработените. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на законските и даночните аспекти на трошоците настанати при организирањето на превозот на вработените до и од работа…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.