+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Со доаѓањето на времето за берба на голем број на земјоделски производи, стануваат актуелни прашањата за откупот и исплатата на откупените земјоделски производи кој правните лица го вршат од физички лица – земјоделци. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе даваме одговори на повеќе прашања поврзани со даночниот третман на откупот на земјоделски производи и оданочувањето на приходите од земјоделска дејност кои ги остваруваат физичките лица земјоделци во 2021 година…

Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на законските одредби и максималниот законски дозволен износ на девизи и на денари кои резидентите и нерезидентите може да ги изнесуваат или внесуваат во РМ. Исто така Ви презентираме и примерок од Образецот за пријавување на ефективни странски и домашни пари и чекови кои резидентите и нерезидентите ги внесуваат или изнесуваат од Република Македонија и начинот на пополнување на Образецот кој се доставува до Царинска Управа…

До друштвото е доставено решение од Управата за јавни приходи со кое се наложува присилно извршување на парична казна/глоба изречена од прекршочната комисија при Министерството за внатрешни работи, со забрана на користење на 1/3 од платата на вработен во друштвото до целосна наплата на изречената глоба. Ве молам за мислење дали решението за присилна наплата на парична казна/глоба има приоритет за наплата пред другите побарувања за присилна наплата?

Со клинување на повеќе може да го симнете написот во кој преку повеќе практични примери, Ве запознаваме со условите и начинот на влегување во системот за плаќање на данок на вкупен приход во 2021 година…

За тоа какви документи треба да се изготват, односно какви се даночните обврски на компаниите кои вршат продажба на трговска стока во транзит и каков е сметководствениот третман може да прочитате написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

Во Службен весник на РСМ број 119 од 1 Јуни 2021 година објавени се следните протоколи и тоа: Протокол за превентивни мерки за сите работни места; Протокол за отворање и работа на кафетерии; Протокол за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана; Протокол за работа на угостителски објекти за сместување (хотели, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување); Општ Протокол за организирање на спортски натпревари во услови на пандемија co COVID-19 и Протокол за организирање свадби/прослави и веселби. Одлуката може да ја симнете со кликнување подолу на повеќе…

Согласно Законот за здравствено осигурување, здравственото осигурување, може да биде задолжително и доброволно. Задолжително здравствено осигурување е востановува за сите граѓани на РС Македонија заради обезбедување на здравствени услуги и парични надоместоци врз начелата на сеопфатност, солидарност и еднаквост, а доброволното здравствено осигурување за обезбедување на здравствени услуги кои не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување. Со кликнување на повеќе може да го симнете написот во кој подетално се осврнуваме на правата од задолжително здравствено осигурување…

На веб страната на Министерството за економија објавен е Јавен повик за пријавување на интерес од угостителските објекти за сместување за прием на гости кои ќе добијат Потврда за одмор на работници со ниски приходи во вредност од 12.000,00 денари. Крајниот рокот за поднесување на барањето е 31 Мај 2021 година. Барањата со комплетна документација се доставуваат во Архивата на Министерството за економија, лично или преку пошта на адреса: ул.”Јуриј Гагарин” 15, Скопје

На веб страната на Владата е објавен Јавен повик за доделување на финансиска поддршка за регистрирани фотографски студија и фитнес центри. Крајниот рок на пријавување е 01.06.2021.

Каков е даночниот третман на платените комунални – режиските трошоци платени на име на физичкото лице – закуподавач при закуп на станбен или деловен простор. Дали и на овие трошоци закупецот е должен да пресмета и плати данок на личен доход ? Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи нив повеќе примери се осврнуваме на наведената даночна проблематика, а воедно Ви даваме и писмен одговор на Управата за јавни приходи…

Kакви се правата и обврските на работникот при заснован работен однос со дополнително работење? Каква согласност е потребно да даде првиот работодавач? Како се пресметува платата кога постои договор за дополнително работење? Кои социјални придонеси се плаќаат? Дали при пресметката на плата за работа кај втор работодавач се користи лично ослободување и во колкав износ? Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе даваме одговори на претходно наведените прашања и го објаснуваме начинот на пресметка на плата и социјални придонеси во 2021 година.

Со кликнување на повеќе може да го преземете МАЈСКИОТ број од 2021 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.