+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Државни и верски празници во Македонија во 2019 година

Програма на неработни денови за 2019 година (ПРЕЗЕМИ ВО PDF)

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2019 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ

• 01 јануари (вторник), Нова Година,
• 07 јануари (понеделник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
• 29 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
• 01 мај (среда), Ден на трудот,
• 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,
• 04 јуни (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
• 02 август (петок), Ден на Републиката,
• 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден,
• 11 октомври (петок), Ден на народното востание,
• 23 октомври (среда), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
• 8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

• 06 јануари (недела), Бадник, ден пред Божик,
• 19 јануари (сабота), Богојавление (Водици),
• 26 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
• 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
• 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

 

За граѓаните од католичка вероисповед

• 22 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
• 01 ноември (петок), Празникот на сите светци,
• 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

 

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

 

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (петок), Ден на Албанската азбука,

 

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

• 27 јануари (недела), Свети Сава,

 

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

• 08 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите,

 

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (четврток), Национален ден на Власите,

 

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 09 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

 

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците,

 

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

  • Објавено на: 03/01/2019
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.