+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Во Службен весник на РСМ број 140 од 29 мај 2020 година донесена е Уредба со законска сила за примена на Законот за вршење на сметководствени работи за време на вонредна состојба која ќе се применува за време на траењето на вонредната состојба. Уредбата се однесува на рокот за исполнување на обврската за посета на обуката за континуирано професионално усовршување (КПУ) за сметководител, односно овластен сметководител, за време на траењето на вонредната состојба…

Во Службен весник на РСМ број 140 од 29 мај 2020 година објавена е Уредба за дополнување нa уредбата co законска сила за примена нa Законот за донации и за спонзорcтва вo јавните дејности за време на вонредна состојба која беше претходно објавена во Службен весник на РСМ број 103 од 16 април 2020 година. Со дополнувањето се пропишува дека одредбите на Уредбата од 16 април 2020 година ќе се применуваат за време на траењето на вонредната состојба, како и по престанувањето на траењето на вонредната состојба до 31.12.2020 година.

Во „Службен весник на РСМ“, бр. 136 од 27 мај 2020 година, објавена е Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност за време на вонредна состојба, со која се утврдува можност невработеното лице на кое работниот однос му престанал во периодот од 11 март 2020 година до 30 април 2020 година, независно од времето поминато во работен однос, врз основа на: давање на писмена изјава од страна на работникот, спогодбено престанување на работниот однос или со отказ од страна на работодавачот да оствари право на паричен надоместок во висина од 50% од месечна нето плата на работникот исплатена за последниот месец, но не повеќе од 80% од просечната месечна нето плата по работник во РСМ, објавена за последниот месец, за времетраење од два месеци, сметано од престанокот на работниот однос….

На веб страната на Владата на РСМ (како Прилог 8) објавен е Протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за храна и кафетерии како составен дел на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус КОВИД-19, со која од 28 мај 2020 година може да отпочнат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие објекти (тераси).

Во Службен весник на РСМ број 137 од 27 мај 2020 година објавена е Уредба со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба. Целта на оваа владина Уредба е да се поттикне приватната потрошувачка и купувањето на македонски производи и услуги во услови на намалена економска активност условена од здравствено-економската криза предизвикана од Коронавирусот COVID-19. Уредбата влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија, односно на 27 мај 2020 година….

Меѓународниот превоз на патници согласно одредбите на член 23 став 1 точка 19 од Законот за ДДВ, е ослободен од ДДВ без право на одбивка на претходниот данок. Но каков е даночниот третман на посредничките услуги во меѓународниот превоз на патници од аспект на ДДВ ? Во врска со ова прашање, односно во однос на даночниот третман на остварената провизија од продажба на автобуски (железнички) карти за меѓународен превоз на патници се осврнуваме во Написот кој може да ги симнете со кликнување на повеќе…

Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи се осврнуваме на законските одредби кои ја регулираат висината на надоместокот за користење на сопствено возило како и на даночниот и сметководствениот третман на исплатениот надоместок во 2020 година согласно Законот за данокот на добивка и Законот за данок на личен доход. Исто така се осврнуваме и на дополнителните трошоци на кои е изложен работникот во услови на користење на сопствено возило и тоа особено за направените трошоци кои се однесуваат на: платена патарина, паркинг простор, дезинфекција на возило и други дополнителни трошоци.

Со доаѓањето на времето за берба на голем број на земјоделски производи, стануваат актуелни прашањата за откупот и исплатата на откупените земјоделски производи кој правните лица го вршат од физички лица – земјоделци. При тоа, кај правните лица откупувачи се наметнуваат повеќе прашања поврзани со откупот, особено прашањето дали за откупените земјоделски производи и за исплатените пари на физичките лица, правното лице е обврзано да пресмета и плати данок на личен доход и дали се применува системот е-ПДД и во овој случај…

Податоци за плата и надоместоци од работен однос за периодот Мај 2020 – Јуни 2020 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 21.05.2020 година…

Потсетуваме дека, согласно одредбите на член 2-д став 4 од Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба (“Службен Весник на РСМ”, 108/20), рокот за поднесување на даночната ДДВ пријава (на образецот “ДДВ-04) и за плаќање на данокот на додадена вредност за даночниот период од 1 април 2020 до 30 април 2020 се одложува за време на вонредната состојба до 31 мај 2020 година.

Согласно одредбите на член 3-а од Уредбата за дополнување на Уредбата за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба (“Службен весник на СРМ”, бр.128/20 од 18.05.2020 година) каматата на износот на помалку или повеќе платениот данок и споредните давачки во висина од 0,015% за секој ден задоцнување ќе се применува за време на траење на вонредната состојба како и 60 дена по престанување на траењето на вонредната состојба.

Прашањето за исплата на испратнина и отпремнина, особено е актуелно во денешните услови кога поради пандемијата на коронавирусот голем број работодавачи во неможност да опстојат, одлучуваат да спроведат постапки за престанок на работен однос на одделни работници од деловни причини, како и престанок на работен однос поради исполнување услови за пензионирање (секако во согласност со работникот – жена над 62 години и маж над 64 години).

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.