+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Податоци за плата и надоместоци од работен однос за периодот Март 2020 – Април 2020 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 20.03.2020 година…

Со кликнување на повеќе може да го преземете МАРТОВСКИОТ број од 2020 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Со кликнување на повеќе може да се информирате за економските мерки на Владата за справување со последиците од корона вирусот (COVID 19)

Во услови на епидемија на Коронавирусот (COVID-19), одделни правни субјекти во нашата земја ја разгледуваат можноста од воведување на online продажба, односно интернет трговија. Целта е да се обезбеди одредена економска активност за да се намалат загубите во вакви влошени услови на работење. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнување на законските можности за воведување на online продажна, односно интернет трговија од страна на македонските компании и сметководствените и даночни аспекти на овој вид на трговија…

Со кликнување на повеќе може да ги погледнете економските мерки предложени од Владата и Нардодната банка за заштита на економијата на земјава од големите економски последици поради кризата со Kоронавирусот (COVID 19)…

Во услови кога сме соочени со глобално ширење на епидемија од вирусот (COVID-19), со мерките кои нашата земја ги презема во насока на спречување на ширење на оваа епидемија преку одлуки за прекин на работа на одделни правни субјекти, покрај финансиските загуби на правните лица од приватниот сектор поради неостварувањето на приходи, се наметнува прашањето за обврската на работодавачите за исплата на надоместок на плата на работниците кои нема да работат во периодот на прекинот на работа од овие причини…

Со оваа одлука се определуваат највисоки цени во трговијата на мало на: леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезифекциони средства. Највисоките цени на наведените производи се утврдуваат на нивото на цените на истите кои се применувале на 11 март 2020 година, кога од страна на Светската здравствена организација е прогласена пандемија на Коронавирусот COVID-19. Овие највисоки цени ќе се применуваат до 30 април 2020 година. Одлуката влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник , односно на 17.03.2020 година. Со кликнување на повеќе може да ја преземете Одлуката на Владата.

Почитувани,Содржината можат да ја видат само претплатници на МСФИ Консалтинг.Доколку сте наш активен претплатник Најавете се за да ја видите оваа содржина.(Доколку не сте претплатник кликнете тука за да се регистрирате и да добиете информации за претлата)

Почитувани,Содржината можат да ја видат само претплатници на МСФИ Консалтинг.Доколку сте наш активен претплатник Најавете се за да ја видите оваа содржина.(Доколку не сте претплатник кликнете тука за да се регистрирате и да добиете информации за претлата)

Во Службен весник на РСМ, бр. 63 од од 13.3.2020 година и 64 од 14.3.2020 година објавени се Измени и дополнување на Одлуката за мерките за спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19 која беше објавена во Службен весник на РСМ, бр. 62 од 12.3.2020 година. Со овие нови Одлуки се врши измена на некои од постојните мерки и се предлагаат нови мерки, препораки и насоки усвоени од Владата на Република С. Македонија во врска со спречување на ширењето Коронавирус COVID-19. Со кликнување подолу на повеќе може да ги симнете сите наведени Одлуки како и Законот за заштита на населението од заразни болести….

Согласно барањата пристигнати до Централниот регистар меѓу кое и од Комората на сметководители, со кои се бара одложување на рокот за доставување на годишна сметка Ве известуваме дека, согласно новонастанатата ситуација и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот covid-19, но и во согласност со член 477 од ЗТД, Централниот регистар одлучи да излезе во пресрет на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите и да го продолжи рокот за поднесување до 24.03.2020 година…

Се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на обрасците Даночен биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ”), Даночен биланс на вкупен приход (образец “ДБ-ВП”), Даночен биланс на непрофитни организации (образец “ДБ-НП/ВП”), Годишeн даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност (образец “ДЛД-ДБ”) и Биланс на приходи и расходи (образец “Б”) за 2019 година. Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), Управата за јавни приходи информира дека рокот за поднесување на обрасците “ДБ”, “ДБ-ВП”, “ДБ-НП/ВП”, “ДЛД-ДБ” и “Б, се продолжува заклучно со 24 март 2020 година (вторник).

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.