+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Невладина организација има добиено донација на жиро сметка за реализација на проект , средствата од донацијата се од фондовите на Европска унија и се строго наменски средства за реализација на проектот. За овој проект е добиено писмо од СЕП за ослободување од ДДВ. Во проектот се предвидени трошоци за сместување во хотели каде што ќе биде обезбедено спиење и храна за учесниците на семинарот, како и други видови освежувања, кои се предвидени како посебна ставка во буџетот на проектот. Во овој проект е предвидена и ставка за патни трошоци во вид на авионски карти, автобуски карти, со сопствени возила и други видови превоз. На некои од учесниците, авионските карти, сметките за гориво и патарините, ќе треба да ги исплатиме во готово. За трошоците за спиење и храна ќе добиеме фактура од хотелите со спецификација на лицата и ќе бидат платени на жиро сметка. За авионските карти ќе добиеме фактури со спецификација на лицата и ќе бидат платени на жиро сметка. Воедно укажуваме дека никој од слушателите или предавачите не се вработени во организацијата. Ве молиме да ни одговорите: Дали за исплатените пари во готово на лицата треба да пресметаме персонален данок и во која висина ? Дали треба на износот од фактурите од хотелите за спиење и храна, што ќе ги платиме преку жиро сметка, да пресметаме персонален данок или некој друг вид на данок ? Дали за патните трошоци кои се платени на фактура треба да платиме персонален данок или некој друг данок ?

Дали премијата за животно осигурување (во кое е вклучено осигурување на живот и осигурување при повреда) кое нашето Друштво ја плаќа на вработените и менаџерите се признава како расход за цели на данокот на добивка или треба да се плати 10% данок на непризнати расходи?

Ние сме правно лице регистрирано за целите на ДДВ. Еден наш деловен објект го даваме под закуп на друго правно лице за што фактурираме закупнина со ДДВ. Ве молиме да ни дадете одговор на прашањето со која стапка на ДДВ треба да ги префактурураме трошоци за струја, греење, вода, фиксен телефон кои доаѓаат на нашето правно лице, а се однесуваат на деловниот објект кој е под наем на нашиот закупец ?

ДОО “A” од Скопје е во преговори со фирма “Б “ од Република Полска со која има склучено пред договор за трговска соработка, а имено се работи за посредништво, односно реекспорт така да стоката (градежен материјал кој ќе биде предмет на трговија) воопшто нема да влегува во Република Македонија туку од Полска ќе биде пласирана директно на фирмата “В“ од Рим, Република Италија. Врз основа на наведеното нашето друштво ДОО “A” од Скопје, по добиените фактури од Република Полска ќе треба да изврши фактурирање на фирмата “В“ од Република Италија. Бараме да ни дадете писмено мислење во врска со наведените трансакции, односно дали нашето Друштво (Друштвото “А” од Република Македонија во фактурата кој ќе ја испоставува кон друштвото “В” од Италија има обврска да пресмета и плати ДДВ. Наведеното ни е потребно заради склучување на договор за трговско работење со фирмата “ Б“ од Република Полска бидејќи истата фирма во Полска ќе ги плаќа сите предвидени давачки за извозот ?

Нашето Друштво не беше регистриран обврзник за ДДВ. Во текот на месец Мај 2013 година остваривме приход поголем од 2.000.000 денари и на 1 Јуни 2013 година поднесовме Образец ДДВ-01 – Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност. Бидејќи вршиме продажба во готово и издаваме фискални сметки побаравме од друштвото од каде ја купивме фискалната каса да ни ја прилагодат за да излегува и ДДВ на фискалните сметки на готовинскиот промет кој го остваруваме по 1 Јуни 2013 година. Од друштвото ни беше кажано дека можат да извршат прилагодување на фискалната каса дури откако ќе добиеме решение за регистрација за ДДВ. Наведеното решение го добивме дури на 25 Јуни 2013 година. Ве молиме да ни дадете одговор како требаше да работиме во текот на месец Јуни 2013 година и како ќе ја утврдиме обврската за ДДВ за месец јуни кога во овој месец издававме фискални сметки на кои немаше изразено ДДВ ?

Ве молиме да ни одговорите со која стапка на ДДВ се оданочуваат објектите за Групно домување како што се студентските домови и пензионерските домови (класа на намена А3) при првиот промет?

Во нашето друштво е донесена одлука за финансирање на дообразувањето на еден од нашите вработени, односно друштвото сака да го финансира стекнувањето на докторска дисертација на еден од нашите вработени за што образовната институција ќе изготви и достави фактура до нас. Докторската дисертација е од област поврзана со основната дејност на друштвото. Ве молиме да ни дадете одговор на следните прашања: 1. Дали наведениот трошок е даночно признат за друштвото, или истиот како даночно непризнат и влегува во Даночниот биланс? 2. Дали треба да се пресмета и плати персонален данок за физичкото лице докторант? 3. До колку подлежи на персонален данок во која категорија на приходи кои го остваруваат физички лица влегува оваа исплата?

Нашето Друштво е ДДВ обврзник и купило еден деловен простор (дуќан) пред воведувањето на ДДВ и еден деловен простор (дуќан) по воведувањето на ДДВ за што е користен и влезен ДДВ од 18%. Сега и двата дуќани сопствениците на друштвото физички лица сакаат да ги купат за себе по пониска цена и да го пренесат на свое име или да го пренесат без надомест. Ве молиме да ни одговорите каков е даночниот третман од аспект на ДДВ ?

Трговско друштво “НН” АД – Скопје е друштво за осигурување со седиште во Скопје и преставува фирма – ќерка на друго друштво со седиште во Словенија од 07.07.2010 година. Во друштвото “НН” АД – Скопје како деташиран работник работи лицето “АА” вработено кај нашиот основач од Република Словенија.Платата со сите даноци и придонеси за лицето “АА” ја исплаќа нашиот основач од Словенија за што на друштвото “НН” АД – Скопје секој месец му испоставува фактура.
Во врска со предното се поставуваат следните прашања: Дали друштвото “НН” АД – Скопје при плаќањето на фактурата на основачот од Словенија треба да пресмета и плати персонален данок на доход и во каква постапка да се направи тоа, и како за платениот персонален данок во РМ лицето “АА” да биде ослободено во Република Словенија и Дали при рефундирањето на платата, треба да се пресмета и плати данок на додадена вредност?

Трговско друштво “НН – Марибор – Словенија, нема седиште или подружница во РМ и не извршува никаков промет во РМ, но е единствен основач на трговското друштво “НМК” ДООЕЛ – Скопје. Се поставува прашањето дали друштво “НН”- Марибор – Словенија, согласно одредбите на член 46 од ЗДДВ, може да изврши поврат на влезниот ДДВ искажан во фактурите на друштвата од Република Македонија за примени услуги или добра на територијата на Република Македонија.

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.