+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Прашањето и Одговорот на Прашањето се објавени во МСФИ Советник број 9 – Септември 2018 година и истото заедно со останатите објавени Прашања и Одговори од овој број на МСФИ Советник може да ги преземете во pdf формат со кликнување подолу на повеќе…

Прашањето и Одговорот на Прашањето се објавени во МСФИ Советник број 9 – Септември 2018 година и истото заедно со останатите објавени Прашања и Одговори од овој број на МСФИ Советник може да ги преземете во pdf формат со кликнување подолу на повеќе..

Прашањето и Одговорот на Прашањето се објавени во МСФИ Советник број 9 – Септември 2018 година и истото заедно со останатите објавени Прашања и Одговори од овој број на МСФИ Советник може да ги преземете во pdf формат со кликнување подолу на повеќе..

Прашањето и Одговорот на Прашањето се објавени во МСФИ Советник број 9 – Септември 2018 година и истото заедно со останатите објавени Прашања и Одговори од овој број на МСФИ Советник може да ги преземете во pdf формат со кликнување подолу на повеќе..

Каков е даночниот третман од аспект на персоналениот данок на доход на исплатените надоместоци на пеачите и водителите за настапи во изборната кампања и како треба да се вршат плаќањата на данокот ?

Нашето друштво купи неколку апартмани во објект за времено сместување А4 (хотел) во Охрид кои се во изградба со намера за нивна понатамошна продажба. За таа цел склучивме преддого-вор за купопродажба со инвеститорот кој истовремено е и градител и изведувач и истиот по из-вршената парична уплата од наша страна ни достави авансна фактура во која е наведено “аванс за апартман во објект за времено сместување А4 (ХОТЕЛ) со квадратура X м2 и логија Y м2”. Во авансната фактура која ја добивме посебно е искажан данокот на додадена вредност по стапка од 18%. За да добиеме потврда дека станува збор за апартмани, а не за станови од инвеститорот побаравме и истиот ни достави и одобрение за градба во кое е наведено дека се одобрува изградба на објект за времено сместување А4 (хотел) од трета категорија на градба – апартмани со компактибилни намени. Ве молам да ни одговорите дали имаме право да го одбиеме влезното ДДВ од 18% искажано во авансната фактура.

Нашето брокерско друштво не е регистрирано за цели на ДДВ. За различни клиенти (физички или правни лица) обезбедуваме услуги на купување и продавање на хартии од вредност (акции, удели обврзници и други хартии од вредност). Покрај наведената услуга за одредени клиенти почнавме да обезбедуваме и услуги на управување со портфолио на хартии од вредност. Дали до колку од оваа услуга на управување со портфолио на хартии од вредност оствариме промет на 1.000.000 денари треба да се регистрираме за ДДВ и како во таков случај да постапуваме со влезното ДДВ, односно на што ќе имаме, а на што ќе немаме право на одбивка на влезното ДДВ.

Странска фирма со која имаме бизнис релации побара од нас да ангажираме шпедитер од Република Македонија кој ќе изврши превозна услуга за нивни потреби од Скопје до Прага. Од шпедитерот добивме фактура без ДДВ за превоз на добра (меѓународен превоз). Овие трошоци треба да ги префактурираме на странската фирма. Ве молиме да ни одговорите дали во фактурата кон странската фирма треба или не треба да пресметаме ДДВ.

Дали до колку и во едното друштво и во другото друштво работодавачите одлучат да ми уплаќаат придонеси за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување (трет пензиски фонд) во износ од четири просечни месечни бруто плати во Републиката и едниот и другиот работодавач ќе бидат ослободени од персонален данок на доход, односно наведените трошоци ќе им бидат даночно признати за цели на данокот на добивка и во двете друштва согласно член 158 став 1 од Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување?

Друштво е регистрирано со основна дејност – 16.29 Производство на останати производи од дрво, производство на предмети од плута, слама и плетарски материјал. Во споменатото Друштво ќе се произведува погребална опрема и тоа сандаци, крстови, и останата погребал-на опрема која 100% е наменета за извоз и ќе биде пласирана на странски пазар.

Купуваме софтвер од Република Хрватска за што ни се доставува фактура. Ве молиме да ни објасните кои се даночните обврски од аспект на: 1) данокот на добивка по задршка и 2) данокот на додадена вредност ?

Дали намалувањето на данокот на добивка се обезбедува за: 1. инсталирањето (надоградувањето) на надворешен интегриран автоматски систем за управување (GPRS терминал и крипто модул) на постоечката фискална апаратура, со оглед дека е составен дел на одобрениот фискален систем на опрема? 2. комплетно набавен фискален систем на опрема (фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување) или пак 3. даночното намалување е делумно само за еден дел од одобрениот фискален систем на опрема т.е. само за набавените до десет фискални апарати ?…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.