+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
  • .

  • .

  • Област

Пронајдени се 2238 резултати
Страна 8 од 224


Со Одлуката за изменување на одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало (“Службен весник на РСМ”, бр. 282 од 27.12.2023 година) продолжена е примената на гарантирани цени на одделни производи до 31.01.2024 година…

Објавено на 29/12/2023




Во Службен весник, бр. 282/23 од 27.12.2023 е објавена измена на Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало со која е продолжено нејзиното важење до 31 јануари 2024 година.

Објавено на




Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе сакаме да ве потсетиме на одредбите од колективните договори (општи и грански) кои се однесуваат на стекнувањето право на регрес за годишен одмор за 2023 година, висината, основицата и рокот за негова исплата….

Објавено на 26/12/2023




Во продолжение може да ги симнете податоците за плата и надоместоци од работен однос за 2023 година заклучно со периодот декември 2023 – јануари 2024 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 21.12.2023 година…

Објавено на 21/12/2023




Со кликнување на повеќе може да го симнете Правилниот и написот во кој беа предмет на обработка овие измени во Законот за ДДВ во однос на тоа што преставува даночна основа при присилна наплата и присилно извршување кога доверителот се стекнува со движниот или недвижниот имот…

Објавено на 20/12/2023




Во Собранието на РСМ доставен е Предлог Законот за ослободување од плаќање на дел од придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата. Се очекува ова законско решение следните денови да влезе во собраниска постапка на изгласување на Законот и истото според предлагачот на законот треба да применува со исплата на платата за месец јануари 2024 година…

Објавено на




Даночната загуба настаната во претходни години преставува даночна бенифиција за даночните обврзници преку можноста за намалување на даночната основа во тековната година. Даночната бенифиција, даночните обврзници можат да ја искористат преку искажување на даночната загуба на реден број 43 (АОП 47) од ДБ за 2023 година. Со кликнување на повеќе може да го симнете написот во кој низ пример се осврнуваме на правото на намалување на даночната основа во ДБ за 2023 година за пренесени даночни загуби од 2020, 2021 и 2022 година.

Објавено на 19/12/2023




Даночно намалување е износ за кој се намалува даночната основа при пресметка на данок на личен доход и тоа при аконтативно пресметување при исплата на доход од работа по основ на плата, надоместоци на плата (со поднесување на МПИН пресметка) и пензија или при годишно пресметување на данок на доход. Даночното намалување за 2024 година е објавено во Службен весник на РСМ број 263/2023 година. Со кликнување на повеќе може да го преземете написот во кој подетално низ примери се осврнуваме на новото лично ослободување кое работодавачите ќе го применуваат при пресметка на платите во 2024 година. Исто така Ви го даваме и соопштението за новото лично ослободување за 2024 година…

Објавено на 13/12/2023




Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе Ве потсетуваме на одредбите кои го уредуваат благајничкото работење и кои ќе се применуваат и во 2024 година. Исто така ви даваме и терк на Одлука за благајнички максимум за 2024 година и Ви ги даваме и законските текстови на Законот за платежни услуги и платни системи и на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам…

Објавено на




Податокот за процентот на МДБ за аконтацијата за данок на добивка за месец ноември 2023 е позитивен и изнесува 6,8%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец ноември 2023 година која треба да се плати до 15 декември 2023 година…

Објавено на 07/12/2023


Страна 8 од 224
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.