+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
  • .

  • .

  • Област

Пронајдени се 2237 резултати
Страна 7 од 224


Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на сметководствениот и даночниот третман во 2023 година на расходувањето на материјалните основни средства и нивна продажба подоцна како отпад со посебен осврт на важноста во обезбедување на соодветна документација при отписот на овие средства од сметководствената евиденција на друштвото…

Објавено на 11/01/2024




Податокот за процентот на МДБ за аконтацијата за данок на добивка за месец декември 2023 е позитивен и изнесува 7,0%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец декември 2023 година која треба да се плати до 15 јануари 2024 година…

Објавено на 09/01/2024




Од страна на НБРМ со Одлука број Бр. 02-42628/1 од 28 Декември 2023 година објавена е референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 01.01.2024 година до 30.06.2024 година. Врз основа на наведеното ЗА ДОЛГ ВО ДЕНАРИ казнената камата во периодот од 1 Јануари до 30 Јуни 2024 година изнесува: во облигационите односи помеѓу правни лица 16,30% и во облигационите односи од кои барем едно лице е физичко лице 14,30%….

Објавено на




Во член 25 став 8 од Законот за трговија (Службен весник на РСМ, бр. 16/04…93/23) пропишана е обврска за вршителите на дејност трговија на мало за плаќање на посебен надоместок во висина од 2% од вкупниот приход остварен во претходната година. Токму на оваа обврска на трговците на мало која ќе треба да се плати до 15 јануари 2024 година низ примери се осврнуваме во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе. Исто така ви го даваме и соопштението на Министерство за економија по однос на оваа обврска, пречистен Закон за трговија и Excel табела за олеснување на пресметката…

Објавено на 05/01/2024




Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја промени препораката за работни празнични денови, донесена на 214-та владина седница. Владата го разгледа и прифати посочувањето на Министерството за труд и социјална политика, дека 7 јануари (недела) и 8 јануари (понеделник) се неработни денови, согласно Законот за празниците на Република Северна Македонија.

Објавено на




Образецот „П/ТЦ“, се доставува во електронска форма преку http://etax.ujp.gov.mk заедно со Образецот ДБ – Даночен биланс во рокот пропишан за поднесување на Даночниот биланс за 2023 година (28 февруари 2024, односно 15 март 2024 година). Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе подетално се осврнуваме на обврската за поднесување на овој образец…

Објавено на 04/01/2024




Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на законските обврски на субјектите за задолжителна регистрација за целите на ДДВ и можноста која ја дава Законот за ДДВ за доброволна регистрација. Укажуваме и на можноста за одбивка на влезниот ДДВ во залихите набавени пред регистрација, а со цел да не дојде до двојно оданочување на залихите (еднаш кога при набавката не било одбиено влезното ДДВ и втор пат кога истите ќе се продаваат од страна на сега ново регистрираниот ДДВ обврзник. Исто така се осврнуваме и на можноста за дерегистрација од системот на ДДВ, што како можност е пропишана во член 51 став 8 и 14 од Законот за ДДВ…

Објавено на 03/01/2024




Почитувани клиенти и соработници,
тимот на МСФИ КОНСАЛТИНГ ВИ ГИ ЧЕСТИТА
НОВОГОДИШНИТЕ И БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ
со желби за добро здравје, среќа и многу моменти исполнети со радост!

Објавено на 29/12/2023




Во Службен весник на РСМ број 286 од 29 декември 2023 година објавен е Правилникот за начинот на пријавување и регистрација на странско лице, начинот на водење на регистарот на даночни застапници, формата и содржината на регистарот на даночни застапници, формата и содржината на пријавата за регистрација за целите на данокот на додадена вредност како и потребната документација. Правилникот влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на РСМ“, на 30 декември 2023 година, а ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2024 година. Со кликнување на повеќе може да го симнете Правилникот и Написот за даночен застапник објавен во МСФИ Советник Декември 2023 година…

Објавено на




Со Одлуката за изменување на одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало (“Службен весник на РСМ”, бр. 282 од 27.12.2023 година) продолжена е примената на гарантирани цени на одделни производи до 31.01.2024 година…

Објавено на


Страна 7 од 224
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.