+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
  • .

  • .

  • Област

Пронајдени се 2238 резултати
Страна 2 од 224


Работникот кој работи ноќе има право и на соодветна храна или надоместок на трошоци за исхрана во висина од 20% од просечната нето плата по работник исплатена во Република Македонија во претходната година, сразмерно за деновите кога работникот работи ноќе. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на правото на паричен надомест за исхрана, превоз и додаток на плата на работник кој работи ноќе во 2024 година.

Објавено на 04/04/2024




Овој Правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, односно на 4 април 2024 година, a ќе започне да се применува од 1 јануари 2025 година. По исклучок Меѓународниот стандард за финансиско известување 17 Договори за осигурување ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2028 година.

Објавено на




Согласно одредбите на член 113 став 4 и 5 од Законoт за работните односи („Службен весник на РСМ“ бр.62/05…111/23), работодавачот на свој трошок на работниците може да им организира исхрана за време на работа. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на сметководствениот и даночниот третман на овие издатоци (од аспект на ДДВ, данок на добивка и данок на личен доход)…

Објавено на 02/04/2024




Со кликнување на повеќе може да го симнете Написот во кој подетално низ примери Ве запознаваме со ангажирањето на практиканти, пресметката на данок на личен доход и придонеси на надоместокот за практиканство и начинот на пополнување на МПИН пријавата во 2024 година. Исто така ви даваме и Терк на Договор за практикантство, Темплејт за пресметка на данок на личен доход и придонеси на надомест за практиканство во 2024 година и Законот за практиканство…

Објавено на 28/03/2024




Со кликнување на повеќе може да го преземете МАРТОВСКИОТ број од 2024 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Објавено на 25/03/2024




Во Службен весник на РСМ број 68 од 22.03.2024 година министерот за труд и социјална политика ја објави висината на минималната бруто плата која ќе изнесува 33.352 денари. Нето платата од овој износ е 22.567 денари и треба да започне да се применува почнувајќи од платата за месец март 2024 година заклучно со исплатата на платата за месец февруари 2025 година. Повеќе во врска со наведеното може да прочитате во написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе. Воедно Ви ја даваме и Објавата на Министерот за труд и социјална политика за минималната плата како и Пречистен текст на Законот за минимална плата во РСМ…

Објавено на 23/03/2024




Во продолжение може да ги симнете податоците за плата и надоместоци од работен однос за 2024 година заклучно со периодот март 2024 – април 2024 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 21.03.2024 година…

Објавено на 21/03/2024




Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи е објавен во Службен весник на РСМ број 66 од 20 март 2024 година. Законот влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на РСМ, односно на 28 март 2024 година. Со кликнување на повеќе може да го симнете написот во кој подетално се осврнуваме на примената на Законот…

Објавено на




Со кликнување на повеќе може да го симнете Написот во кој подетално се осврнуваме на законските прописи кои ја регулираат гаранцијата како и сметководствените и даночните аспекти на трошоците за извршени поправки и сервисирања во гарантен и во негарантен рок со посебен осврт на измените на Законот за ДДВ во однос на прометот на услуги кои стапија во сила од 01.01.2024 година…

Објавено на 20/03/2024




Во рамките на Иницијативата Отворен Балкан договорена е соработка и во областа на слободно движење на граѓаните и слободен пристап до пазарот на трудот. Тоа значи дека граѓаните на трите земји кои сакаат да се вработат во некоја од членките на Отворен Балкан (или веќе нашле работодавач), потребно е да поседуваат ID број, кој се добива со регистрирање по електронски пат (во неколку чекори). Повеќе за наведеното може да прочитате во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

Објавено на 15/03/2024


Страна 2 од 224
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.