+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk


МСФИ Советник

Актуелности

31 јануари 2024 година краен рок за поднесување до ИСОС на список на лица вработени како сметководители и овластени сметководители и доказ за годишно осигурување од страна на субјектите кои вршат сметководствени работи (сметководствени бироа)




Согласно член 32 став 9 од Законот за вршење на сметководствени работи (“Службен весник на РСМ”, бр. 173/22) правните лица со лиценца за работа се должни најдоцна до 31 јануари 2024 година да достават во ИСОС список на лица вработени со нивните звања, со нивен регистарски број под кој се запишани во соoдветниот регистар во Институтот и доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност. Полисата за годишното осигурување согласно член 32 став 2 точка 6 од Законот треба да изнесува: за ТП – сметководител на износ од минимум 2.000 евра во денарска противвредност по штетен настан, за ТП – овластен сметководител на износ од минимум 10.000 евра во денарска против-вредност по штетен настан и за Друштво за вршење на сметководствени работи на износ од минимум 20.000 евра во денарска противвредност по штетен настан…

Објавено на: 29/01/2024

Објавен Правилникот за спроведување на Законот за данокот на додадена вредност




Во Службен весник на РСМ број 18 од 25 јануари 2024 година објавен е Правилникот за спроведување на Законот за данокот на додадена вредност кој влегува во сила од 26.01.2024 година. Во однос на начинот на утврдувањето на местото на промет на услугите во контекст на примена на новата содржина на членот 14 од ЗДДВ која започна да се применува од 1 јануари 2024 година особено се значајни одредбите од член 2 до член 5 од Правилникот…

Објавено на: 26/01/2024

Известување на УЈП: Продолжување на рокот за поднесување на ДДВ-04 пријави и надградба на системот Е-ПДД до 29.01.2024 година




Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е – Персонален данок, дека врши надградба на системот е – ПДД. Поради тоа, системот е-ПДД ќе биде во прекин почнувајќи од 26.01.2024 година (петок) во 16:00 часот. Интервенцијата ќе се извршува за време на претстојниот викенд, а по завршувањето на активностите, УЈП навремено ќе информира. Ја известуваме јавноста дека поради овој процес за надградба на системот можни се и прекини во работењето на апликацијата МојДДВ. Ги замолуваме даночните обврзници и корисниците на услугите на УЈП да имаат разбирање додека трае надградбата на системот, бидејќи истата ќе овозможи поквалитетни услуги за крајните корисници. Поради вршење на оваа надградба и отежнато пријавување на даночните пријави преку системот е- Даноци, рокот за поднесување на ДДВ -04 пријавите се продолжува заклучно со понеделник 29.01.2024 година.

Објавено на: 25/01/2024

Продолжена е примената на Одлуката за гарантирани цени до 29.02.2024 година




Со Одлуката за изменување на одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед (“Службен весник на РСМ”, бр. 17 од 24.01.2024 година) продолжена е примената на гарантирани цени на одделни производи до 29.02.2024 година….

Објавено на: 25/01/2024

Продолжено важењето на Одлуката за највисоките цени во трговијата на големо и на мало на пивото, соковите и водите




Во Службен весник, бр. 17 од 24.01.2024 објавена е измена на Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало со која е продолжено нејзиното важење до 29 февруари 2024 година. Потсетуваме дека ограничувањето на цените се однесува на следните производи: 1) светло пиво во пакување од 1,5 l во шише; 2) газирани пијалоци (сокови) во пакување над 1 l во шише; 3) негазирани пијалоци (сокови) во тетрапак пакување и
4) минерална, газирана и негазирана природна изворска вода во пакување над 1 l во шише…

Објавено на: 25/01/2024

МСФИ Напис: Специфичности во пресметката на платите во 2024 година (минимална плата, стапки на социјални придонеси, данок на личен доход, најниска и највисока основица за пресметка на придонеси во 2024 година)




Во пресметката на платата за 2024 година нема влијание само Законот за данок на личен доход туку и одредбите од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување како и Законот за минимална плата во Република Македонија. Со кликнување подолу на преземи може да го симнете Написот во кој низ примери Ве запознаваме со специфичностите во пресметката на платите во 2024 година…

Објавено на: 24/01/2024
Податоци за плата и надоместоци од работен однос за периодот Јануари 2024 - Февруари 2024 година (ПРЕЗЕМИ)

МСФИ е Вести: Најниската основица за пресметка на придонесите за 2024 година изнесува 28.804 денари (50% од 57.609 денари)




Најниската основица за пресметка на придонесите за 2024 година изнесува 28.804 денари (50% од 57.609 денари). Највисока основица за пресметка на придонесите за 2024 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 921.744 денари (16 x 57.609). Највисока основица за пресметка на придонесите за 2024 година за самовработено лице изнесува 691.308 денари (12 x 57.609).

Објавено на: 23/01/2024

МСФИ Напис: Обврска за издавање на единечна и збирна пресметка за исплатена плата, придонеси и данок на доход во 2023 година




Со написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, ве потсетуваме на обврската на работодавачите кон работниците при секое исплаќање на платата во текот на 2023 година како и до 31 јануари 2024 година да издадат писмена пресметка за исплатените плати, надоместоци на плата, за платените социјални придонеси и данок на доход. Исто така Ви даваме пречистен текст на Законот за работните односи и Терк на збирна пресметка за исплатените плати во 2023 година…

Објавено на: 18/01/2024

МСФИ Напис: Поднесување на ДДВ пријава за последен даночен период од 2023 година со осврт на некои специфичности при составување на ДДВ пријавата




ДДВ пријавата за последниот даночен период од 2023 година согласно член 41 од Законот за данокот на додадена вредност (“Службен Весник на РМ”, бр. 44/99…199/23), даночните обврзници се должни да ја достават најдоцна до 25 Јануари 2024 година. Во оваа ДДВ пријава покрај останатото треба да се вклучат и одредени корективни износи кои произлегуваат од претходните даночни периоди во 2023 година. Иако секоја даночна пријава за целите на ДДВ сама по себе е конечна и се однесува за соодветниот даночен период за кој се доставува, сепак во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на одредени специфичности кои може да се јават при пополнување на ДДВ пријавата за последниот даночен период од 2023 година….

Објавено на: 16/01/2024

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.