+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk


МСФИ Советник

Актуелности

МСФИ Напис: Специфичности во пресметката на платите во 2024 година (минимална плата, стапки на социјални придонеси, данок на личен доход, најниска и највисока основица за пресметка на придонеси во 2024 година)




Во пресметката на платата за 2024 година нема влијание само Законот за данок на личен доход туку и одредбите од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување како и Законот за минимална плата во Република Македонија. Со кликнување подолу на преземи може да го симнете Написот во кој низ примери Ве запознаваме со специфичностите во пресметката на платите во 2024 година…

Објавено на: 24/01/2024
Податоци за плата и надоместоци од работен однос за периодот Јануари 2024 - Февруари 2024 година (ПРЕЗЕМИ)

МСФИ е Вести: Најниската основица за пресметка на придонесите за 2024 година изнесува 28.804 денари (50% од 57.609 денари)




Најниската основица за пресметка на придонесите за 2024 година изнесува 28.804 денари (50% од 57.609 денари). Највисока основица за пресметка на придонесите за 2024 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 921.744 денари (16 x 57.609). Највисока основица за пресметка на придонесите за 2024 година за самовработено лице изнесува 691.308 денари (12 x 57.609).

Објавено на: 23/01/2024

МСФИ Напис: Обврска за издавање на единечна и збирна пресметка за исплатена плата, придонеси и данок на доход во 2023 година




Со написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, ве потсетуваме на обврската на работодавачите кон работниците при секое исплаќање на платата во текот на 2023 година како и до 31 јануари 2024 година да издадат писмена пресметка за исплатените плати, надоместоци на плата, за платените социјални придонеси и данок на доход. Исто така Ви даваме пречистен текст на Законот за работните односи и Терк на збирна пресметка за исплатените плати во 2023 година…

Објавено на: 18/01/2024

МСФИ Напис: Поднесување на ДДВ пријава за последен даночен период од 2023 година со осврт на некои специфичности при составување на ДДВ пријавата




ДДВ пријавата за последниот даночен период од 2023 година согласно член 41 од Законот за данокот на додадена вредност (“Службен Весник на РМ”, бр. 44/99…199/23), даночните обврзници се должни да ја достават најдоцна до 25 Јануари 2024 година. Во оваа ДДВ пријава покрај останатото треба да се вклучат и одредени корективни износи кои произлегуваат од претходните даночни периоди во 2023 година. Иако секоја даночна пријава за целите на ДДВ сама по себе е конечна и се однесува за соодветниот даночен период за кој се доставува, сепак во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на одредени специфичности кои може да се јават при пополнување на ДДВ пријавата за последниот даночен период од 2023 година….

Објавено на: 16/01/2024

МСФИ Напис: 15 јануари 2024 година краен рок за доставување на евиденцијата и налогот за уплата на надоместокот од продажба на кеси за периодот октомври – декември 2023 година




На 15 јануари 2024 година трговците кои согласно Законот, се должни да вршат наплата на биоразградливите кеси по цена од 15 денари се должни за периодот октомври – декември 2023 година да достават евиденција за бројот на продадени кеси за носење на продажно место на образец пропишан со Правилникот заедно со налог од уплатениот надоместок…

Објавено на: 15/01/2024

МСФИ Напис: 31 јануари 2024 година краен рок за доставување на образец ДД – БС до УЈП за признавање на целосната амортизација (расходување) на преостанатата сегашна вредност на основните средства кои не можат понатаму да се користат




Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на сметководствениот и даночниот третман во 2023 година на расходувањето на материјалните основни средства и нивна продажба подоцна како отпад со посебен осврт на важноста во обезбедување на соодветна документација при отписот на овие средства од сметководствената евиденција на друштвото…

Објавено на: 11/01/2024
danoci-za-koi-ne-ste-slushnale-62626

МСФИ е Вести: Процентот за МДБ за аконтацијата за месец декември 2023 година е позитивен и изнесува 7,0%




Податокот за процентот на МДБ за аконтацијата за данок на добивка за месец декември 2023 е позитивен и изнесува 7,0%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец декември 2023 година која треба да се плати до 15 јануари 2024 година…

Објавено на: 09/01/2024

МСФИ Напис: Казнената камата за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2024 година изнесува 16,30% за правни лица, односно 14,30% за физички лица




Од страна на НБРМ со Одлука број Бр. 02-42628/1 од 28 Декември 2023 година објавена е референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 01.01.2024 година до 30.06.2024 година. Врз основа на наведеното ЗА ДОЛГ ВО ДЕНАРИ казнената камата во периодот од 1 Јануари до 30 Јуни 2024 година изнесува: во облигационите односи помеѓу правни лица 16,30% и во облигационите односи од кои барем едно лице е физичко лице 14,30%….

Објавено на: 09/01/2024

Потсетување: 15 јануари 2024 година краен рок за уплата на 2% од вкупните приходи за работа во недела и државни празници




Во член 25 став 8 од Законот за трговија (Службен весник на РСМ, бр. 16/04…93/23) пропишана е обврска за вршителите на дејност трговија на мало за плаќање на посебен надоместок во висина од 2% од вкупниот приход остварен во претходната година. Токму на оваа обврска на трговците на мало која ќе треба да се плати до 15 јануари 2024 година низ примери се осврнуваме во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе. Исто така ви го даваме и соопштението на Министерство за економија по однос на оваа обврска, пречистен Закон за трговија и Excel табела за олеснување на пресметката…

Објавено на: 05/01/2024

МСФИ Вести: 7 јануари (недела) и 8 јануари (понеделник) 2024 година се неработни денови, согласно Законот за празниците (Променета препораката на Владата)




Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја промени препораката за работни празнични денови, донесена на 214-та владина седница. Владата го разгледа и прифати посочувањето на Министерството за труд и социјална политика, дека 7 јануари (недела) и 8 јануари (понеделник) се неработни денови, согласно Законот за празниците на Република Северна Македонија.

Објавено на: 05/01/2024

МСФИ Напис: Објавен образецот П – ТЦ – прилог кон Даночниот биланс со податоци за трансакции меѓу поврзани лица




Образецот „П/ТЦ“, се доставува во електронска форма преку http://etax.ujp.gov.mk заедно со Образецот ДБ – Даночен биланс во рокот пропишан за поднесување на Даночниот биланс за 2023 година (28 февруари 2024, односно 15 март 2024 година). Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе подетално се осврнуваме на обврската за поднесување на овој образец…

Објавено на: 04/01/2024

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.