+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk


МСФИ Советник

Актуелности

МСФИ е Напис: Изготвување на Извештај за промени во главнината за 2023 година




Извештајот за промени во главнината дава информации за сите промени во главнината кои настанале во текот на годината, како резултат на разни трансакции кои се вршат во склоп на работењето на друштвото, промени кои произлегуваат од компонентите на останатата сеопфатна добивка (ревалоризација на долгорочни средства, објективна вредност на финансиските средства расположливи за продажба и друго) како и одредени промени кои се резултат на ретроактивна примена на сметководствените политики и корекција на грешки, согласно МСС 8 Сметководствени политики, промени на сметководствени проценки и грешки. Извештајот за промените во главнината ги објаснува промените во главнината помеѓу два периоди на известување, кои се прикажани во Извештајот за финансиската состојба. Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи Ви даваме комплетен пример за Изготвување на извештајот за промените во главнината, како и образложенија поврзани со составувањето на извештајот…

Објавено на: 08/02/2024
excel-300x161

Excel алатки за составување на Годишната сметка за 2023 година за профитни друштва, непрофитни субјекти, буџетски корисници, ТП и СВД




Excel алатки за составување на Годишната сметка за 2023 година за профитни друштва, непрофитни субјекти, буџетски корисници, ТП и СВД

Објавено на: 07/02/2024

МСФИ Напис: Изготвување на Извештај за парични текови за 2023 година




Сите средни и големи компании во РМ покрај годишна сметка за 2023 година имаат обврска до Централниот регистар да достават и неревидирани финансиски извештаи. Комплетот на финансиски извештаи согласно МСС 1-Презентирање на финансиските извештаи го сочинуваат: Извештај за финансиската состојба, Извештај за сеопфатна добивка, Извештај за промените на главнината, Извештај за паричните текови и Сметководствени политики и објаснувачки белешки подготвени во согласност со МСС, односно МСФИ. Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи подетално се осврнуваме на начинот на изготвување на Извештајот за парични текови за 2023 година, а воедно Ви даваме и алатка во Microsoft Excel којa може да Ви помогне при составување на Извештајот за паричен тек….

Објавено на: 06/02/2024

МСФИ Напис: 15 Февруари 2024 година краен рок за поднесување на годишен извештај за уплатениот данок по задршка – Образец ДД-И за 2023 година




Субјектот кој што има обврска да го задржи и да го уплати данокот, согласно членот 24 став 1 од Законот за данокот на добивка има обврска да достави и Извештај за уплатениот данок по задршка за 2023 година. Извештајот ДД-И треба да се достави најдоцна до 15 февруари 2024 година по електронски пат преку системот на е – даноци на УЈП. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на начинот на пополнување на Извештајот за задржан данок Образецот ДД-И за 2023 година, а воедно може да го преземете и написот во кој поопширно Ве запознаваме со даночниот и сметководствен третман на задржаниот данок на добивка…

Објавено на: 05/02/2024
msfi-konsalting-pokana-za-kpu-godisna-smetka-2023

ВАЖНО: МСФИ Консалтинг Ве поканува на КПУ обуки за изготвување на годишна сметка и финансиски извештаи за 2023 година во месец јануари/февруари 2024




МСФИ КОНСАЛТИНГ Ве поканува на ЕДНОДНЕВНО КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ бр.1/2024-8 часа за изготвување на годишна сметка и финансиски извештаи за 2023 година ВО МЕСЕЦ ЈАНУАРИ / ФЕВРУАРИ 2024 ГОДИНА во следните термини и градови:

I. КПУ ОБУКИ СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО
– 31 Јануари 2024 година (среда) во Хотел Оаза – Штип
– 2 Февруари 2024 година (петок) во Хотел Холидејн Ин – Скопје
– 6 Февруари 2024 година (вторник) во Хотел Кристал Палас – Прилеп
– 8 Февруари 2024 година (четврток) во Хотел UNIQUE Resort & Spa – Охрид

II. ОНЛАЈН КПУ ОБУКИ
– 1 Февруари 2024 година – (четврток) – онлајн
– 9 Февруари 2024 година – (петок) – онлајн

Објавено на: 02/02/2024

МСФИ Напис: Компензација, отпуштање долг, новација и соединување (престанување на обврските)




Во написот кој може да го преземете со кликнување подолу на преземи се осврнуваме на начините на престанување на обврските, со посебен акцент на престанување на обврските со: исполнување, компензација, отпуштање долг и новација. Исто така Ви даваме и терк на договор за компензација и ви даваме пречистен текст на Законот за облигационите односи…

Објавено на: 30/01/2024

31 јануари 2024 година краен рок за поднесување до ИСОС на список на лица вработени како сметководители и овластени сметководители и доказ за годишно осигурување од страна на субјектите кои вршат сметководствени работи (сметководствени бироа)




Согласно член 32 став 9 од Законот за вршење на сметководствени работи (“Службен весник на РСМ”, бр. 173/22) правните лица со лиценца за работа се должни најдоцна до 31 јануари 2024 година да достават во ИСОС список на лица вработени со нивните звања, со нивен регистарски број под кој се запишани во соoдветниот регистар во Институтот и доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност. Полисата за годишното осигурување согласно член 32 став 2 точка 6 од Законот треба да изнесува: за ТП – сметководител на износ од минимум 2.000 евра во денарска противвредност по штетен настан, за ТП – овластен сметководител на износ од минимум 10.000 евра во денарска против-вредност по штетен настан и за Друштво за вршење на сметководствени работи на износ од минимум 20.000 евра во денарска противвредност по штетен настан…

Објавено на: 29/01/2024

Објавен Правилникот за спроведување на Законот за данокот на додадена вредност




Во Службен весник на РСМ број 18 од 25 јануари 2024 година објавен е Правилникот за спроведување на Законот за данокот на додадена вредност кој влегува во сила од 26.01.2024 година. Во однос на начинот на утврдувањето на местото на промет на услугите во контекст на примена на новата содржина на членот 14 од ЗДДВ која започна да се применува од 1 јануари 2024 година особено се значајни одредбите од член 2 до член 5 од Правилникот…

Објавено на: 26/01/2024

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.