Имплементаторите на проекти (приматели на промет) кои се овластени за реализирање на проекти финансирани со парични средства добиени врз основа на договор за донација склучен меѓу РМ и странски донатори и проекти финансирани во рамки на инструментот на претпристапна помош (ИПА) имаат обврска да достават евиденција на примени фактури-образец ДДВ-ЕПФ, до УЈП по електронски пат преку системот на е-Даноци. За таа цел имплементаторите на проектот треба да пријават електронска пошта (преку образецот УЈП-РДО) со која ќе се регистрираат во е-Даноци, да добијат корисничко име и лозинка и да овластат лице со доделен дигитален сертификат.
Примателите на промет Образецот ДДВ-ЕПФ го доставуваат најдоцна до 25 октомври 2014 год и се однесува за тримесечјето јули-септември 2014 год.