+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Ново Упатство на УЈП во врска со примената на Законот за финансиска дисциплина

Од страна на Управата за јавни приходи објавено е Упатство со кое се прецизираат надлежностите на УЈП во спроведување на Законот за финансиска дисциплина, односно начинот и формата на поведување на постапката на надзор, обврската за известување, санкции за прекршителите и постапката во случај на непостапување.

 

Основна цел на ова Упатство е информирање за активностите кои се преземаат од Управата за јавни приходи при неисполнување на паричните обврски помеѓу економските оператори од приватниот сектор согласно Законот за финансиска дисциплина.

 

Упатството е насловено како „Упатство за навремено исполнување на парични обврски и надзор над деловни трансакции помеѓу економски оператори од приватен сектор“.

 

Во однос на примената на Законот за финансиска дисциплина напоменуваме дека:

  • Економски оператори од приватен сектор (трговско друштво, трговец поединец основан согласно со Законот за трговските друштва; и физички и правни лица кои вршат профитна дејност и се регистрирани согласно со закон) имаат обврска да го спроведуваат Законот за финансиска дисциплина („Службен весник на РМ“, бр.187/2013) од 1 Мај 2014 година за деловните трансакции меѓу економските оператори од приватниот сектор, настанати од 1 Мај 2014 година.
  • Управата за јавни приходи има надлежност за спроведување на надзор над спроведувањето на Законот за финансиска дисциплина преку инспекциски надзор во приватниот сектор почнувајќи од 1 Јануари 2015 година, за деловните трансакции помеѓу економските оператори од приватниот сектор.

 

 

Упатството е наменето пред се за економските оператори од приватен сектор, како и за судовите, извршители и нотари како надлежни подносители на барањата за спроведување на надзор до УЈП.

 

Упатството може да го преземете со кликнување на линкот до веб страната на УЈП даден подолу:

 

http://www.ujp.gov.mk/mk/regulativa/opis/260

 

 

  • Објавено на: 04/10/2014
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.