Даночното намалување (личното ослободување) за 2023 година е објавено во Службен весник на РСМ број 283/2022 година. и преставува износ за кој се намалува даночната основа при пресметка на данок на личен доход и тоа при аконтативно пресметување при исплата на доход од работа по основ на плата, надоместоци на плата (со поднесување на МПИН пресметка) или при годишно пресметување на данок на доход.
Согласно Објавата на Министерот за финансии:
- Даночното намалување (утврдено во член 10 став 2 од Законот за данокот на личен доход, за 2023 година на годишно ниво, изнесува 108.456,00 денари.
- Даночното намалување по основ на плата, надоместок на плата и пензија во 2023 година месечно се утврдува во износ од 9.038,00 денари (една дванаестина од објавеното годишно даночно намалување).
Со кликнување подолу може да ja преземете Објавата на Министерството за финансии.