ПОЧИТУВАНИ КОЛЕГИ
МСФИ КОНСАЛТИНГ Ве поканува на советување за новите законски прописи од областа на сметководството и даноците во следните градови:
- 1 Октомври 2014 (среда) во Штип во Хотел Оаза
- 2 Октомври 2014 (четврток) во Битола – Хотел Милениум
- 3 Октомври 2014 (петок) во Скопје во Хотел Холидеј Ин
- 7 Октомври 2014 (вторник) во Охрид во Хотел Ривиера
Почеток на советувањето во 10 часот
Поканата за советувањето може да ја преземете со кликнување на сликата погоре или со кликнување во продолжение на преземи (ПРЕЗЕМИ ПОКАНА ЗА СОВЕТУВАЊЕ НА МСФИ КОНСАЛТИНГ)
ПРОГРАМА НА СОВЕТУВАЊЕТО
ДАНОЦИ
НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ДДВ
- ДДВ третман на инвестиционите вложувања извршени од страна на закупец во туѓи објекти (право на одбивка на влезен ДДВ и момент на настанување на даночен долг)
- Новини во прометот на добра во постапка на присилна наплата (укинато пренесувањето на даночната обврска и нов начин на плаќање на ДДВ)
- Нов праг за регистрација на ДДВ и начин за негово утврдување (Кои се обврските и роковите ?)
- Издавање на електронска фактура во прометот
- Специфичности во постапката за ослободување од ДДВ за проекти финансирани од странски донатори (какви се обврските за изготвување на пријава, известување и евиденција)
НОВ ЗАКОН ЗА ДАНОК НА ДОБИВКА ЗА 2014
- Нова даночна основа (добивка + непризнати расходи)
- Примена на коцептот на реинвестирана добивка и други можности за намалување на данокот на добивка за 2014 година
- Даночен третман на заемите во 2014 (Кои законски можности стојат на располагање за да се избегнат даночните последици за заемите кои не можат да се вратат ?)
- Даночен третман на ненаплатените побарувања во новиот Закон за данок на добивка
- Третманот на амортизацијата и на кало, растур, крш и лом во 2014 година
- Даночен третман на загубата и нејзино пренесување во наредните периоди
- Оданочување во услови на статусни промени, ликвидација и стечај во 2014 година
- Даночен третман на дивидендата исплатена од акумулирана добивка од 2009 до 2013 година
- Нов даночен биланс – Образец ДБ за 2014
- Оданочување на обврзниците на данок на вкупен приход во 2014 година
ПРИДОНЕСИ НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ДЕЛО И АВТОРСКИ ДОГОВОРИ
- Кој е обврзник, а кој ќе уплаќа придонеси ?
- Што преставува основица за плаќање на придонеси за ПИО и здравство ?
- Каков ќе биде третманот на исплатите кон странските физички лица, односно на приходите кои ги остваруваат домашни физички лица од странство
- Кои се обврските за известување до надлежните органи
- Кои договори за дело се ослободени од обврската за плаќање на придонеси ?
- Практични примери и симулации на пресметката на придонеси за различни договори за дело, авторски и друг вид на договори
СМЕТКОВОДСТВО
- Пропишан нов Правилник за формата и содржината на годишната сметка за 2014 година
- Пропишан Нов Образец за Државна евиденција
- Изјава за точноста и вистинитоста на податоците искажани во годишната сметка и начин на нејзино потпишување
- Кои се новините во однос на Институтот за сметководители и овластени сметководители ?
НОВИНИ ВО ФИСКАЛИЗАЦИЈАТА
- Нови рокови за инсталирање на интегриран систем за плаќање – GPRS
- Кој има обврска за резервна фискална каса ?
- Има ли промени во евиденцијата ?
- Кои даночни бенифиции кои можат да се користат за набавените фискални каси со ГПРС
РАБОТНИ ОДНОСИ
- Можност за продолжување на договорот за вработување (одлагање на пензионирањето)
- Огласување на слободните работни места, и дефинирање на моментот на пријавување на работникот во работен однос
- Новини кај дневниците за службени патувања
СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ НА ПАРИ
- Новини во Законот за спречување на пари и финасирање на тероризам
- Кои се обврските на вршителите на сметководствени работи во врска со задолжителната програмата која се доставува до Управата за финансиско разузнавање
ОДГОВОРИ НА ПРАШАЊА КОИ ГО ЗАСЕГААТ ВАШЕТО СМЕТКОВОДСТВЕНО И ДАНОЧНО РАБОТЕЊЕ ВО 2014 ГОДИНА
За сите информации, Ве молиме јавете се на следните телефони:
02/3 112 323; 02/3 112 334; 02/3 112 532; 070 317 142; 070 333 713; 078 390 803
e-mail: info@msfi.com.mk, msfi@msfi.com.mk
Цената (со ДДВ) за Советувањето со семинарски материјал изнесува:
- за претплатници……2.000 ден. (за втор учесник……1.600 ден).
- за непретплатници (плаќање однапред)…2.500 ден. (втор учесник…2.200 ден)
Плаќањето може да се изврши на следните сметки:
280-1001042042-51-Алфа Банка Скопје
210-0676392801-76-Тутунска Банка Скопје