Страна 6 од 213
Капар е сума пари или одредено количество заменливи предмети кои едната страна ги дава на другата договорна страна со цел обезбедување на исполнувањето на својата обврска, а пишманлак е кога едната или двете страни во договорот предвидат можност да се откажат од договорот со давање на извесен паричен износ или предмети. Но, кога со капарот е договорено право некоја од договорните страни да се откаже (пишмани) од договорот, тогаш капарот има функција на откажување на договорот (пишманлак). Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на капарот и пишманлакот и нивниот нормативен, даночен и сметководствен третман…
Објавено на 05/05/2023
Даночните обврзници кои користеле реинвестирана добивка не смеат да ги отуѓат средствата во период од 5 години од денот кога е извршено инвестициското вложување. Во однос на донациите во спортот и намалувањето на пресметаниот данок врз таа основа доколку на даночните обврзници или на лица поврзани со нив, им бидат вратени донираните финансиски средства од страна на спортските субјекти од директно или преку набавка на стоки и услуги, обврзниците го должат данокот кој би го платиле доколку не го користеле ослободувањето на данокот на добивка. Повеќе во однос на наведеното може да прочитате во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…
Објавено на 03/05/2023
Во Службен весник на РСМ број 91 од 28.04.2023 година објавена е измена на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки со која се продолжува рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи. Според Одлуката на Владата оваа мерка ќе се применува до 30 јуни 2023 година…
Објавено на 02/05/2023
Во Службен весник на РСМ број 92 од 28 април 2023 година објавени се следните две одлуки: Одлука со која се менува Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.71/23 и 78/23) и Одлука со која се менува Одлуката за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.74/23). И двете измени на Одлуките се однесуваат на продолжување на важењето на мерката на Владата за определување на највисоки цени на одделни видови на зеленчук и овошје како и на обврската трговците да набавуваат определени количини на зеленчук и овошје до 31 мај 2023 година…
Објавено на 01/05/2023
Можноста работодавачот на свој трошок да им организира исхрана на вработените за време на работа е пропишана во член 113 од Законот за работните односи. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе низ примери се осврнуваме на даночниот третман на испораката на храна и пијалаци кои во форма на организирана исхрана компаниите ја обезбедуваат за своите вработени во 2023 година…
Објавено на 26/04/2023
Купување и продажба на трговска стокa во транзит преставува деловен настан, за кој често се поставува прашањето, како таквиот деловен потфат да се евидентира во сметководството. За тоа какви документи треба да се изготват, односно какви се даночните обврски на компаниите кои вршат продажба на трговска стока во транзит и каков е сметководствениот третман може да прочитате написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…
Објавено на 25/04/2023
Согласно Законот за даночна постапка, со цел одбегнување на отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, и поради повеќето неработни денови во месец април 2023 година, Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите за 3 (три) работни дена. Како краен рок за поднесување на даночните пријави ДДВ-04 за даночните периоди 01-01.2023 – 31.03.2023 и за 01.03.2023 – 31.03.2023 година од месечните и тримесечните обврзници за ДДВ наместо 25.04.2023 година ќе се смета 28.04.2023 година.
Објавено на 20/04/2023
Податоци за плата и надоместоци од работен однос за периодот Април 2023 – Мај 2023 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 20.04.2023 година…
Објавено на
Со доаѓањето на времето за берба на голем број на раноградинарски земјоделски производи, стануваат актуелни прашањата за откупот и исплатата на откупените земјоделски производи кој правните лица го вршат од физички лица – земјоделци. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе даваме одговори на повеќе прашања поврзани со даночниот третман на откупот на земјоделски производи и оданочувањето на приходите од земјоделска дејност кои ги остваруваат физичките лица земјоделци во 2023 година. Воедно Ви даваме и пречистен текст на Законот за вршење на земјоделска дејност….
Објавено на 19/04/2023
По годишната сметка за 2022 година некои компании во Република С. Македонија остварија добивки иако минатата година работеа во тешки услови на стопанисување предизвикани од економската криза изразена преку поскапување на цените на енергенсите, суровините и работната сила. Сопствениците на тие компании сега имаат можност на престојните собранија на акционери кај АД или собир на содружници кај ДОО или од страна на единствениот содужник кај ДООЕЛ да донесат одлука за исплата на дивиденда во 2023 година. Повеќе во однос на сметководствениот и даночниот третман на исплатените дивиденди во 2023 година низ повеќе примери Ви презентираме во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…
Објавено на 13/04/2023
Страна 6 од 213