+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Можност за поднесување на ПДД-ГИ пријавите преку e-mail !

 

“Даночните обврзници кои имаат исплати кон најмногу 10 физички лица, наместо во TXT формат, сумарниот и поединечните извештаи може да ги достават скенирани, како прилог кон меил пораката. Испратениот меил со прилозите може да е со максимална големина од 10МБ.”

 

Управата за Јавни Приходи на Република Македонија објави соопштение во врска со поднесувањето на Годишните извештаи за персонален данок на доход, односно поконкретно за начинот на поднесување на истите. Имено, поради преоптеретеност на системот, a и во пресрет на приближување на крајниот рок (31 Јануари 2014), воведен е и дополнителен начин за поднесување на ПДД-ГИ. Во продолжение Ви го пренесуваме соопштението во целост од Управата за Јавни Приходи:

 

 

„Ги информираме даночните обврзници, доколку имаат технички проблеми при поднесувањето на годишните извештаи ПДД-ГИ, ПДД-ГИ/ОЗП и ПДД-ГИ/ЗП преку системот е-Даноци, законската обврска ќе може да ја исполнат со поднесување на истите преку е-пошта: Kontakt.COP@ujp.gov.mk и со тоа да го запазат законскиот рок.
При поднесување преку е-пошта, кон меил пораката како прилози треба да се прикачат сумарниот и поединечните извештаи подготвени во TXT формат со содржина дадена во соодветните Упатства за електронска подготовка на годишните извештаи.
Истовремено, прилог кон меил пораката треба да биде и скенирана прва страница од извештајот, каде што се наведени општите податоци на даночниот обврзник.
НАПОМЕНА: За секој поединечен извештај на еден даночен обврзник, потребно е да се достават поединечни меил пораки, а во “Subject’ на меил пораката да се наведе ЕДБ на даночниот обврзник и видот на извештајот.“

 

Препорака:

За начинот на кој што треба да го изработите .txt фајлот, Ви препорачуваме да го преземете pdf фајлот кој што е во прилог подолу, каде се детално објаснети податоците кои треба да ги внесете (во табелата се наведени и шифрите кои треба да се внесат соодветно на видот на исплатата (на пример плата и надоместоци на плата 01; Дивиденди и други приходи 11).

Упатство за електронско пополнување на .txt фајл (ПРЕЗЕМИ)

  • Објавено на: 29/01/2014
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.