+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2014 година изнесува 30.902 денари.

Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2014 година изнесува 30.902 денари.

 

Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за месец Јануари до Декември 2014 година (согласно член 15 и 16 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување).

 

  • Најниската основица за пресметка на придонесите за 2014 година изнесува 15.451,00 денари (50% од 30.902,00).
  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2014 година изнесува 185.412,00 денари (6 x 30.902,00).

 

Во „Службен Весник на РМ“ број 189/13 од страна на Министерството за Финансии беше објавено личното ослободување за 2014 година. Согласно објавата, личното ослободување по основ на лични примања од плата од работен однос и пензија, месечно се утврдува во износ од 7.276,00 денари и ќе почне да се користи со исплатата на јануарската плата за 2014 година.

  • Објавено на: 28/01/2014
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.