+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Подетално за новините во пресметката на платите во 2019 година може да прочитате во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, а исто така Ви даваме и excel алатка за пресметка на платите од нето и бруто износ…

Податоци за плата и надоместоци од работен однос за периодот Јануари 2018 – Февруари 2019 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 22.01.2019 година…

Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2018 година изнесува 34.079 денари. Најниската основица за пресметка на придонесите за 2018 година изнесува 17.040,00 денари (50% од 34.079,00). Највисока основица за пресметка на придонесите за 2018 година изнесува 545.264,00 денари (16 x 34.079,00). Највисока основица за СВД и ТП за 2018 година изнесува 408.948,00 денари (12 x 34.079,00).

ТП – сметководител, ТП – овластен сметководител и друштво за вршење на сметководствени работи се должни најдоцна до 31 јануари 2019 година да му достават на ИСОС список на лица вработени како сметководители и овластени сметководители со регистарски број под кој се запишани во соoдветниот регистар кај Институтот и доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност….

Со кликнување на повеќе може да го преземете ЈАНУАРСКИОТ број од 2019 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

ДДВ обврзниците (правни или физички лица) се должни најдоцна до 25 Јануари 2019 година да ја достават ДДВ пријавата за последниот даночен период од 2018 година. Иако секоја даночна пријава за целите на ДДВ сама по себе е конечна и се однесува за соодветниот даночен период за кој се доставува, сепак во Написот кој може да го симнете со кликнување повеќе, низ повеќе пратични примери се осврнуваме на одредени специфичности кои може да се јават при пополнување на ДДВ пријавата за последниот даночен период од 2018 година…

Во Службен весник на РМ, број 7 од 2019 година објавен е Законот за изменување на Законот за платниот промет со кои се предвидува одложување на примена на одредбата од членот 25 став (1) од Законот за уште една година, со што правните субјекти со блокирана сметка до крајот на 2019 година ќе можат меѓусебните парични побарувања и обврски да ги намируваат преку компензација, асигнација, цесија и преземање на долг…

Во Службен весник на РМ, број 7 од 2019 година објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за управата за јавни приходи. Законот влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на РМ“, односно на 14.01.2019 година, а ќе започне да се применува од 1 јануари 2019 година. година. Целта на Законот е да се регулира прибирањето и обработувањето на банкарски податоци од страна на Управата за јавни приходи, заради пополнување на годишната даночна пријава ПДД-ГДП како и за цели на оданочување на физичките лица…

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на новините во оданочувањето на доходот од авторски и сродни права согласно новиот Закон за данок на личен доход со тоа што Ви даваме и Табела со пресметани стапки и Ви го објаснуваме начинот на пресметка на данокот при договорен нето износ на надомест за авторски и сродни права…

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе низ повеќе примери се осврнуваме на даночниот третман на другиот доход согласно Новиот Закон за данок на личен доход…

Со кликнување на повеќе може да го симнете написот во кој се осврнуваме на даночниот третман на приходите од закуп и подзакуп согласно Новиот Закон за данок на личен доход…

Даночните обврзници кои во претходната календарска година оствариле вкупен оданочлив промет од вршење на стопанска дејност повисок од 1.000.000 денари имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01) најдоцна до 15 јануари 2019 година.
Во истиот рок, даночните обврзници кои оствариле промет понизок од 1.000.000 денари може доброволно да се регистрираат за целите на данокот на додадена вредност со поднесување на Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01).

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.