ПОЧИТУВАНИ КОЛЕГИ
МСФИ КОНСАЛТИНГ Ве поканува на советување за новите законски прописи од областа на сметководството и даноците во следните градови:
- 12 Декември 2014 (петок) во Штип – Хотел Оаза
- 16 Декември 2014 (вторник) во Охрид – Хотел Милениум Палас
- 17 Декември 2014 (среда) во Битола – Хотел Милениум
- 18 Декември 2014 (четврток) во Скопје – Хотел Холидеј Ин
Почеток на советувањето во 10 часот
Поканата за советувањето може да ја преземете со кликнување на сликата погоре или со кликнување во продолжение на преземи (Покана на МСФИ Консалтинг за советување во Декември 2014 година (ПРЕЗЕМИ)
ПРОГРАМА НА СОВЕТУВАЊЕТО
СМЕТКОВОДСТВО И ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА 2014 ГОДИНА
- Подготвителни работи за изготвување на годишната сметка и финансиските извештаи за 2014 година (Попис – Инвентаризација)
- Примена на Законот за вршење на сметководствени работи по годишната сметка за 2014
- Каква е одговорноста на овластениот сметководител по годишната сметка за 2014 година
- Вреднување на билансите позиции согласно МСС/МСФИ и МСФИ за МСЕ
- Настани по периодот на известување – примена на МСС 10 и Оддел 32 од МСФИ за МСЕ
- Практични примери со одговори на прашања од стандардите (МСС/МСФИ и МСФИ за МСЕ)
ДАНОЦИ
НОВ ЗАКОН И ПРАВИЛНИК ЗА ДАНОК НА ДОБИВКА ЗА 2014
- Данокот на добивка за 2014 година (специфични примери на примена на коцептот на реинвестирана добивка и останати можности за намалување на данокот за 2014 година)
- Кои даночни загуби се пренесуваат на товар на добивката во идните пресметковни периоди
- Даночен третман на: дадени и примени заеми и камати по заеми, ненаплатени побарувања, трошоци на амортизација, резервации, вредносни усогласувања (примена на стандардите во формирањето на даночната основа)
- Каква е содржината на Новиот даночен биланс Образец ДБ за 2014 – (Нов Правилник)
- Даночни аспекти на кусоци, расходување на постојани средства, кало, растур, кршење, расипување и вишоци) (Како ќе се применува Новиот Правилник за кало ?)
- Даночни аспекти на новогодишните надоместоци и подароци во 2014 година
- Третман на надоместоците и наградите на членовите на управен и надзорен одбор
ДДВ
- Регистрација за ДДВ
- ДДВ пријава за последен даночен период
- ДДВ третман на книжните одобренија и задолженија
ПЛАТА И НАДОМЕСТОЦИ ЗА 2015
- Практична имплементација и одговори на прашања за обврската за плаќање на придонеси на договорите за дело и авторските
- Како ќе се изготвува МПИН пријавата кај правните лица исплатувачи ?
- Кој ја има обврската за доставување на договори и до кого ќе се составуваат договорите ?
- Третман на исплатите кон странските физички лица, односно на приходите кои ги остваруваат домашни физички лица од странство ?
- Кои договори се ослободени од обврската за плаќање на придонеси ?
- Минимална плата и лично ослободување за 2015 година
- Стапки на придонеси во 2015 година ?
ФИСКАЛИЗАЦИЈА
- Кој има обврска за резервна фискална каса?
- Даночни бенифиции кои можат да се користат за набавените фискални каси со ГПРС
- Бакшишот во системот на фискализација
- Продажбата со бонови и фискализацијата
ДЕЛОВНО ПРАВО
- Примена на Законот за финансиска дисциплина од 1 јануари 2015 година (Како УЈП ќе го применува Законот во праксата, Кои се казните и можните последици кај должниците ?)
- Задолжителна примена на Задолжницата од 1 јануари 2015 година во должничко доверителските односи над 300.000 денари
- Архивско и канцелариско работење во 2015
- Нов предлог закон за забрана и спречување вршење на нерегистрирана дејност
- Нов Предлог Закон за вработување на лица со инвалидност
- Нов Закон за општа управна постапка
- Одговорност на сопствениците и управителите на друштвото кон трети лица согласно одредбите на Законот за трговските друштва
- Дали ќе може да се врши плаќање со цесија со субјекти со блокирани сметки во 2015 година ?
ОДГОВОРИ НА ПРАШАЊА КОИ ГО ЗАСЕГААТ ВАШЕТО СЕВКУПНО
СМЕТКОВОДСТВЕНО И ДАНОЧНО РАБОТЕЊЕ ВО 2014 ГОДИНА
За сите информации, Ве молиме јавете се на следните телефони:
02/3 112 323; 02/3 112 334; 02/3 112 532; 070 317 142; 070 333 713; 078 390 803
e-mail: info@msfi.com.mk, msfi@msfi.com.mk
Цената (со ДДВ) за Советувањето со семинарски материјал изнесува:
- за претплатници……2.000 ден. (за втор учесник……1.600 ден).
- за непретплатници (плаќање однапред)…2.500 ден. (втор учесник…2.200 ден)
Плаќањето може да се изврши на следните сметки:
280-1001042042-51-Алфа Банка Скопје
210-0676392801-76-Тутунска Банка Скопје