+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Се предлага одлагање на примената на задолжителноста на идавањето на задолжница од 1 април 2015 година за должничко доверителските односи над 300.000 денари

Chapter-13-bankruptcy-attorney-irvine-riverside-caОд страна на Министерството за финансии предложено е донесување на Предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за задолжница по скратена постапка. Со предложеното Законско решение се предвидува одлагање на примената од 1 април 2015 година на задолжително издавање на задолжница за должничко доверителските односи со кои се создаваат обврски во износ од 300.000 денари и повеќе.

 

Потсетуваме дека со постојното решение (кое во овој момент е во сила)  од 1 Јануари 2015 година треба да стартува примената на одредбите од Законот за измени и дополнувања на Законот за задолжница („Службен весник на РМ“ бр.12/14), според кои издавањето задолжница е задолжително за должничко доверителските односи со кои се создаваат обврски во износ од 300.000 денари и повеќе, доколку се исполнети условите утврдени во Закон за задолжница („Службен весник на РМ“ бр.59/12).

 

Покрај оваа измена се предлага да не е потребно издавање на задолжница во случај на авансно плаќање на паричните обврски и во случај кога паричната обврска ќе се плати во рок од пет работни дена од настанување на обврската за плаќање.

 

Исто така со предлогот измените се прецизира дека одредбите од Законот не се однесуваат на должничко доверителски доверителски односи настанати со банкарски и/или финансиски активности, како на пример договори за кредит, осигурување, лизинг факторинг и сл.

 

Со предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за задолжница со цел олеснување и поедноставување на деловните трансакции во делот на издавањето на задолжителна задолжница, се предлага  фирмите да можат да издаваат и кумулативна задолжница.

 

Кумулативната задолжница се предвидува да може да се издава меѓу фирмата доверител и фирма должник кои во текот на определен временски период често влегуваат во должничко доверителски односи. Со цел да се избегне честото одење на нотар за издавање на задолжници за секоја поединечна трансакција со една фирма и да се избегне зголемувањето на трошоците, а со тоа и на техничко административните ресурси на фирмите, со кумулативната задолжница ќе се овозможи со едно одење на нотар да се покријат сите трансакции кои настануваат помеѓу фирма доверител и фирма должник во период од најмногу една година. Притоа се применуваат постојните ограничувања за издавање на задолжница пропишани со Законот за задолжница.

 

 

  • Објавено на: 17/12/2014
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.