+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Важно соопштение: Измама и манипулација во врска со давање на бодови за присуство на советување за годишна сметка 2012 година

Почитувани колеги   

 

Во врска со известувањето од некои Консалтинг куќи дека до колку се присуствува на нивните советување за годишна сметка за 2012 година ќе се добијат бодови за Континуирано професионално усовршување – КПУ, сакаме да Ве известиме дека станува збор за груба измама и манипулација и изигрување на законските одредби на Законот за вршење на сметководствени работи, поради следното:

 

  • Институтот на сметководители и овластени сметководители се уште не е целосно формиран, односно не се избрани сите органи на управување (избран е само Надзорен одбор) и не се избрани Управен одбор и Претседател
  • Не е усвоена годишната програма за континуирано професионално усовршување (КПУ) која е потребно да ја донесе Собранието на Институтот (член 7 став 2 точка 10 од Законот за вршење на сметководствени работи) на предлог на Управниот одбор (член 10 став 3 точка 9 од Законот за вршење на сметководствени работи)
  • Не е дефиниран ни надоместокот  за континуирано професионално усовршување (КПУ) што е во надлежност на Собранието на Институтот (член 7 став 2 точка 11 од Законот за вршење на сметководствени работи)
  • Не е формирана Комисијата за образование, обука и публикации предвидена во член 46 од Статутот на Институтот на сметководители и овластени сметководители која учествува во изготвувањето на програмата за континуирано професионално усовршување (КПУ)
  • Од страна на Институтот не се дефинирани критериумите за избор на правните и физичките лица кои ќе спроведуваат континуирано професионално усовршување  (член 19 став 4 од Законот за вршење на сметководствени работи).

 

Напоменуваме дека Континуираното професионално усовршување (КПУ) ќе го спроведува Институтот во соработка со други правни лица кои спроведуваат стручно усовршување и едукација од областа на сметководството, финансиите или даноците и физички лица со соодветни квалификации од наведените области. (член 19 став 3 од Законот за вршење на сметководствени работи).

 

 

Согласно наведеното, известувањата од некои Консалтинг куќи дека до колку се присуствува на нивните советувања за годишна сметка за 2012 година ќе се добијат одреден број на бодови за Континуирано професионално усовршување (КПУ) преставува обична ИЗМАМА И ГРУБО ИЗИГРУВАЊЕ НА ВАШАТА ДОВЕРБА И СТРУЧНОСТ.

ЗА НАВЕДЕНИТЕ ЗЛОУПОТРЕБИ СО ИНФОРМАЦИИ РАСПОЛАГА И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ КОЕ Е НАДЛЕЖНО ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ.

 

До колку Ви се потребни дополнителни информации по однос на наведеното прашање за континуираното професионално усовршување соодветни одговори може да побарате во Министерството за финансии на Република Македонија.

 

Со почит

МСФИ Консалтинг,

 

Статут на Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ (преземи)

Закон за вршење на сметководствени работи (преземи)

  • Објавено на: 16/01/2013
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.