Почитуван колеги, Почитувани пријатели
Како што веројатно сте информирани овие денови од објавата на ИСОС во листата на правни лица кои имаат право да спроведуваат обуки за КПУ не се најдоа поголем број на консалтинг куќи меѓу кои и МСФИ Консалтинг. МСФИ Консалтинг сеуште нема добиено никаков акти / решение со образложение кои се причините за ваквата одлука на ИСОС. Правниот тим на МСФИ Консалтинг ги презема сите правни процедури за надминување на оваа неправда која и е нанесена на нашата компанија во услови на примена на преодни одредби на Законот за вршење на сметководствени работи (“Службен весник на РСМ”, бр. 173 од 1.8.2022 година) и се уште неизбрани официјални органи на ИСОС и времени мандати.
Како што напоменавме и претходно имајќи во предвид дека се уште немаме добиено официјален акт / решение за тоа кои се причините за ваквата одлука на ИСОС и секако кратките рокови поврзани со обуките за изготвување на годишна сметка за 2022 година сакаме да Ве известиме за следното:
МСФИ Консалтинг во рамките на годишната претплата за сите свои претплатници ќе организира БЕСПЛАТЕН СЕМИНАР за изготвување на годишна сметка и финансиски извештаи за 2022 година. На семинарите на сите посетители ќе им биде дадена книга Прирачник во хартиена форма на повеќе од 350 страни за изготвување на годишна сметка и финансиски извештаи за 2022 година.
Семинарите ќе се одржат во следните термини:
I. СОВЕТУВАЊЕ СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО
- 27 Јануари 2023 година – (петок) во Хотел Оаза – Штип
- 3 Февруари 2023 година – (петок) во Хотел Холидејн Ин – Скопје
- 8 Февруари 2023 година – (среда) во Хотел Кристал Палас – Прилеп
II. ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ
- 2 Февруари 2023 година – (четврток) – онлајн
- 11 Февруари 2023 година – (сабота) – онлајн
СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВАТ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК (ОТВОРИ)
Преземи ПОКАНА за семинар јануари / февруари 2023 (ОТВОРИ)
Преземи ПРОГРАМА ЗА семинар јануари / февруари 2023 (ОТВОРИ)
Семинарите се од 10 до 16 часот.
За посетителите кои не се наши претплатници надоместот изнесува 2.360 денари со вклучен ДДВ.
Плаќањето е потребно задолжително да се изврши однапред на сметката:
210 0676392801 76 НЛБ Банка АД – Скопје
Про-фактура за семинари јануари / февруари 2023 (ОТВОРИ)
Ве покануваме да земете активно учество на семинари и уште еднаш заедно да покажеме дека СТЕКНАТОТО ЗНАЕЊЕ Е ПОВАЖНО ОД ФОРМАТА НА СОВЕТУВАЊЕТО !!!
Повеќе информации во врска со семинари може да добиете на:
тел: 02/3 112 323 тел: 02/3 112 334
моб: 070 317 142 моб: 070 333 713
www.msfi.com.mk
e-mail: info@msfi.com.mk