+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




УЈП пропиша нови обрасци за фискализација и за ДДВ

Според наводите на УЈП, заради побрзо и ефикасно администрирање на барањата на даночните обврзници, УЈП пропиша нови обрасци и тоа:

 

  • 2 типа на нови обрасци во делот на ДДВ (образец ДДВ-БП и образец БВПС/ДДВ-01)
  • 2 типа на нови обрасци во делот на фискализација (образец ФА-ПДФС и образец ФА-ФФСО)

 

  1. Образецот ДДВ – БП е барање до УЈП кое се користи за добивање потврда за регистриран или нерегистриран даночен обрзник за целите на данокот на додадена вредност
  2. Образецот БВПС/ДДВ-01 е барање до УЈП за враќање во поранешна состојба заради ненавремено поднесена пријава за регистрација за ДДВ и се користи доколку даночниот обврзник, не по своја вина, бил спречен да го запази законскиот рок за поднесување на Пријавата за регистрација за ДДВ (образец ДДВ-01).  Со наведениот Образец даночниот обврзник има право да поднесе Барање за враќање во поранешна состојба. Во барањето треба јасно да бидат образложени и веродостојни причините за пропуштање на рокот. Рокот за поднесување на барањето е еден месец од денот на престанувањето на причината за пропуштање на рокот или од денот од кој даночниот обврзник дознал за причината за пропуштање на рокот
  3. Образецот ФА-ПДФС е пријава за дефект на фискалниот систем на опрема која се пополнува и доставува до надлежната даночна канцеларија на УЈП од страна на овластениот сервисер за техничко одржување или сервисирање на апаратот.
  4. Образецот ФА-ФФСО е пријава за функционалности на фискален систем на опрема која се пополнува и доставува до УЈП од страна на  Даночниот обврзник сопственик на фискалниот апарат. Образецот се користи во случаите за времен прекин на користење на фискалниот апарат, погрешно внесен износ во фискалниот апарат или друго.

 

Обрасците можат да се преземат од веб страната на УЈП (отвори)

  • Објавено на: 01/08/2012
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.