Согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) објавена во Службен весник на РМ број 96 од 30.07.2012 година почнувајќи од 31 Јули 2012 година, бензините поскапуваат за два денара, а дизел-горивата за три денари по литар.
Новата цена на еуросупер БС-95 изнесува 82,5 денари за литар, а еуросупер БС-98 се продава за 84 денари за литар. Еуродизелот (Д-Е В) отсега ќе чини 71,5 денар, а екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 60 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ, за 2,5 денари се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС, кој сега ќе се продава за 45 денари за килограм.
Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 5,3 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот период за 0,94 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.