+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
  • .

  • .

  • Област

Пронајдени се 2235 резултати
Страна 3 од 224


Податокот за процентот на МДБ за аконтацијата за данок на добивка за месец февруари 2024 е позитивен и изнесува 0,8%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец февруари 2024 година која треба да се плати до 15 март 2024 година…

Објавено на 07/03/2024




Почитувани колеги Пред поднесување на годишната сметка во ЦРМ ве молиме проверете дали имате долг по основ на членарина кон ИСОС. Проверката може да ја направите на вашиот профил на ИСОС со кликнување на линкот подолу: https://smetkovoditel.isos.com.mk/ За најава на вашиот профил внесете го вашиот број на уверение и последните 6 бројки од вашиот матичен […]

Објавено на 06/03/2024




Обврската за изготвување на консолидирана годишна сметка и консолидирани финансиски извештаи за 2023 година произлегува од Законот за трговски друштва, како и согласно Меѓународните стандарди за финансиско известување. Консолидираната годишна сметка за 2023 година заедно со консолидираните неревидирани финансиски извештаи друштвото е должно да достави до Централниот регистар на РСМ, најдоцна до 31 март 2024 година. Извештајот за ревизијата на консолидираната годишна сметка и консолидираните финансиски извештаи треба да се достават до Централниот регистар на РМ, најдоцна до 30 јуни 2024 година. Во Написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на повеќе аспекти при изготвување на консолидирана годишна сметка и консолидирани финансиски извештаи за 2023 година…

Објавено на




Македонските компании и во 2024 година ја покажуваат својата хуманост не само преку давање донации на здравствени установи, туку и преку давање на финансиска помош за лекување на физички лица-граѓани. Од даночен аспект кај компаниите кои се даватели на финансиската помош за лекување на физички лица се наметнуваат следните прашања: Дали одобрената финансиска помош за лекување на физички лица-граѓани и донираните средства преку отворени специјални телефонски броеви подлежат на оданочување со данок на личен доход во 2024 година ? и Каков е даночниот третман на овие трошоци од аспект на данокот на добивка во 2024 година?…

Објавено на 28/02/2024




Со кликнување на повеќе може да го преземете ФЕВРУАРСКИОТ број од 2024 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Објавено на 26/02/2024




Во продолжение може да ги симнете податоците за плата и надоместоци од работен однос за 2024 година заклучно со периодот февруари 2024 – март 2024 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 22.02.2024 година…

Објавено на 22/02/2024




Со Законот за приватни агенции за вработување, се утврдуваат условите за основање и работа на Приватни агенции (за привременото вработување и посредувањето при вработувањето во земјата и странство) и се уредуваат правата и обврските на страните во овој правен однос. Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи се осврнуваме на привременото вработување и работа преку Приватни агенции за вработување.

Објавено на 21/02/2024




Управата за јавни приходи изврши надградба на системот е-Персонален данок и овозможи најавата на истиот да се одвива преку е-УЈП (https://e-ujp.ujp.gov.mk) . Сите физички и правни лица кои за првпат се регистрираат за цели на оданочување потребно е да се најавуваат преку е-УЈП. Правни лица/СВД без разлика дали станува збор за ново формиран субјект или постоечки корисник на е-Даноци или е-ПДД, доколку за првпат се најавуваат на страната „е-Даночни услуги“, на најавната страна потребно е да се регистрираат како корисник….

Објавено на 20/02/2024




Придружено друштво е правно лице во кое друго правно лице остварува учество во донесувањето на и управувањето со финансиските и деловни политики и одлуки на другото правно лице, меѓутоа не го контролира тоа правно лице. Учеството претставува директно или индиректно поседување на најмалку 20% до 50% од вкупниот број на акции или удели. Повеќе за сметководствениот и даночниот третман на вложувањата во придружени друштва и примена на методата на главнина при изготвување на годишнатa сметка и финансискитe извештаи за 2023 година може да прочитате во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи….

Објавено на




Во време на изготвување и доставување на годишните сметки за 2023 година, често поставувано прашање поврзано со новооснованите друштва во 2023 година е на кој начин во Билансот на состојба треба да се искаже податокот за запишан а неуплатен капитал. Повеќе во врска со начинот на сметководствено евидентирање на запишаниот а неуплатен капитал при основање на трговско друштво може да прочитате во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

Објавено на 16/02/2024


Страна 3 од 224
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.