Министерството за Финансии на својата веб страна (www.finance.gov.mk) објави известување за начинот и постапката за поднесување на барање за добивање на уверение за сметководител или овластен сметководител.
Известувањето ви гo презентираме во продолжение, додека образецот „Барање за добивање на уверение за сметководител или овластен сметководител“ може да го симнете подолу со кликнување на преземи.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ДОБИВАЊЕ УВЕРЕНИЕ ЗА СМЕТКОВОДИТЕЛ ИЛИ ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
Сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите за добивање привремени или трајни уверенија за сметководител односно овластен сметководител согласно членовите 48, 49 и 50 од Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија” бр. 95/12), може да поднесат Барање во писарницата на Министерството за финансии или по пошта на адреса: Министерство за финансии бул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.50, 1000 Скопје.
Образецот на Барањето е достапен на веб страницата на Министерството за финансии (www.finance.gov.mk), во делот Финансиски систем, Сметководствен систем.
Висината на надоместокот за добивање на уверенијата ќе биде дополнително утврдена.
До утврдување на висината на надоместокот, Барањата за добивање уверение за сметководител или овластен сметководител се доставуваат без приложен доказ за уплатен надоместок. Доказот за уплатениот надоместок ќе се достави до Министерството за финансии дополнително, при подигнување на уверението.
Лица за контакт:
Александра Димовска
Тел: 02/3106-191
Е-пошта: aleksandra.dimovska@finance.gov.mk
Марина Станојкова Арсовски
Тел: 02/ 3281-062
Е-пошта: marina.stanojkova@finance.gov.mk
Нимет Ајдини
Тел: 02/3106-191
Е-пошта: nimet.ajdini@finance.gov.mk