Согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) почнувајќи од 14 Август 2012 година, бензините поскапуваат за 3,5 денари, а дизел-горивата за 1,5 денари по литар.
Новата цена на еуросупер БС-95 изнесува 86 денари за литар, а еуросупер БС-98 се продава за 87,5 денари за литар. Еуродизелот (Д-Е В) отсега ќе чини 73 денари, а екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 61,50 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС, кој сега ќе се продава за 46 денари за килограм.
Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат поскапувањето на нафтата на светскиот пазар за 5% и понискиот курс на денарот во однос на доларот.