+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Известување на ИСОС за краен рок за поднесување на барање за добивање на лиценца за субјектите вршители на сметководствени работи (ТП – Сметководител, ТП – Овластен сметководител и Друштво за вршење на сметководствени работи – сметководствено биро)

569585164bf57f8a1e8703b19497bdbc_xlСе повикуваат сите вршители на дејност, сметководствени работи согласно Законот за вршење на сметководствени работи најдоцна до 30.09.2017 да ги достават потребните документи заради навремено стекнување со лиценца за работа и навремено усогласување на web апликацијата со Централен Регистар на РМ и Управата за јавни приходи, а сходно достава на Годишна сметка и ДБ за 2017 година.

Потребно е согласно член 21 од Законот за вршење на сметководствени работи да ги достават следните документи поради тоа што Трговецот поединец-сметководител, трговецот поединец-овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи може да врши сметководствени работи по добивање на лиценца за работа од Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ и по запишувањето во соодветниот регистар.
За добивање лиценца за работа субјектите до Институтот поднесуваат барање на пропишан образец за добивање лиценца за работа, кон кое задолжително се приложуваат следните документи:

  • список на лица вработени како сметководители и овластени сметководители со регистарски број под кој се запишани во соодветниот регистар кај Институтот;
  • доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност (сметководствени работи), и тоа:
    • за трговец поединец-сметководител на износ од минимум 2.000 евра во денарска противвредност по штетен настан,
    • за трговец поединец-овластен сметководител на износ од минимум 5.000 евра во денарска противвредност по штетен настан и
    • за друштво за вршење сметководствени работи на износ од минимум 20.000 евра во денарска противвредност по штетен настан и
  • доказ за уплатен надоместок за издавање лиценца за работа.

Истовремено потребно е да се достави и барање за упис во регистарот на лиценцирани друштва за вршење сметководствени работи, со цел скратување на времето за упис во соодветните регистри.

 

  • Објавено на: 13/09/2017
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.