+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




ДДВ за компјутери и сончеви колектори останува 5 %, a малите пратки се ослободуваат од ДДВ

Од страна на Владата на РМ предложени се измени на Законот за данокот на додадена вредност кои се доставени до Собранието на РМ за усвојување.

 

Со предложените измени на Законот за ДДВ ќе се пропише трајна примена на повластената стапка од 5 % за прометот и увоз на

 

  • компјутери
  • термални сончеви системи и
  • компјутерски софтвер

 

Целта на примената на трајната повластена стапка е зголемување на квалитетот на информатичката технологија и образование, како и овозможување поголемо користење на сончевата енергија како алтернативен извор со што ќе се влијае на намалување на потрошувачката на електрична енергија и други извори за енергија, како и за заштита на животната средина. Рокот за повластената стапка за овие добра и услуги истекуваше на 31 декември 2012 година.

 

Со измените на Законот за ДДВ се предвидува и ослободување од ДДВ при увоз на мали пратки од странство со вредност до 22 евра. Со ослободувањето од ДДВ кај малите пратки ќе се овозможи олеснување на постапката при увоз, како и ќе се влијание на унапредување на електронската трговија во земјата. Ова ослободување не се однесува на тутун и производи од тутун, алкохол и алкохолни пијалаци како и на парфеми и тоалетни води.

  • Објавено на: 08/10/2012
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.