+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




ВАЖНО: МСФИ Консалтинг Ве поканува на КПУ обука за изготвување на годишна сметка и финансиски извештаи за 2022 година на 14.02.2023 година

МСФИ Консалтинг покана кпу обуки јануари февруари 2023 година

Пријавете се, добијте 8 КПУ часа и одговори на многу прашања поврзани со годишната сметка за 2022 година и за вкупното сметководствено и даночно работење

Почитувани колеги,

На почетокот сакаме да Ви изразиме огромна благодарност за поддршката која ни ја дадовте изминатите денови што за нас создава голема одговорност во иднина да бидеме уште подобри и да ви возвратиме на вашата максимална поддршка.

Бидејќи МСФИ Консалтинг во меѓувреме доби одобрение од ИСОС за спроведување на КПУ обуки, а по барање на голем број на наши соработници одлучивме на 14 февруари 2023 година (ВТОРНИК) да организираме еднодневна online КПУ обука 1/2023

На online КПУ обуката покрај стручните предавања согласно Програмата на ИСОС Ќе Ви ги пренесеме и одговорите на голем број на прашања кои изминатите денови без поставувани до нас а се поврзани со изготвувањето на годишната сметка и финансиските извештаи за 2022 година. Покрај тоа ќе понудиме и мноштво одговори на ваши прашања поврзани со  секојдневното сметководствено и даночно работење. Низ практични примери ќе се осврнеме на најавеното донесување на Новиот Закон за данок на солидарност (данок на екстра профит) и ќе понудиме одговори на проблемите поврзани со готовинското работење во 2023 година како и на проблемите кои произлегоа од измените на Законот за данок на личен доход, а се поврзани со користењето на службените возила за приватни потреби. Ќе Ви ги пренесеме и официјалните ставови на голем број на државни институции и инспекторати поврзани со проблемите и дилемите во вашето работење со кои се соочувате во овој период. Секако на крајот секој сметководител, односно овластен сметководител ќе добие и 8 КПУ часови кои следуваат со присуство на ова наше заедничко online советување.

СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВАТ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК (ОТВОРИ)

Преземи ПОКАНА ЗА КПУ обука за годишна сметка за 2022 (ОТВОРИ)

Преземи ПРОГРАМА ЗА КПУ обука за годишна сметка за 2022 (ОТВОРИ)

КПУ обуките се од 10 до 16 часот и се доделуваат 8 кпу часа.

Надоместот изнесува 2.360 денари (со ДДВ) и секој учесник добива e-ПРИРАЧНИК ВО PDF ФОРМАT НА ПОВЕЌЕ ОД 350 СТРАНИ ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ГОДИШНА СМЕТКА И ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ ЗА 2022 ГОДИНА.  ИСТО ТАКА НА СЕКОЈ УЧЕСНИК ЌЕ МУ БИДАТ ИСПРАТЕНИ ПРЕЗЕНТАЦИИТЕ ОД ONLINE КПУ ОБУКАТА И ПОВЕЌЕ ТЕРКОВИ, АЛАТКИ И МОДЕЛИ НА ОДЛУКИ. 

Однапред Ви благодариме за вашето присуство.

Информации за плаќање:

210 0676392801 76 НЛБ Банка АД – Скопје

Про-фактура за КПУ обука за годишна сметка за 2022 година (ОТВОРИ)

Ве покануваме да земете активно учество на кпу обуките и уште еднаш заедно да покажеме дека СТЕКНАТОТО ЗНАЕЊЕ Е ПОВАЖНО ОД ФОРМАТА НА СОВЕТУВАЊЕТО !!!

Повеќе информации во врска со кпу обуките може да добиете на:
тел: 02/3 112 323 тел: 02/3 112 334
моб: 070 317 142 моб: 070 333 713
www.msfi.com.mk
e-mail: info@msfi.com.mk

  • Објавено на: 07/02/2023
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.