+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Соопштение на УЈП во однос на новата ДДВ Пријава како и за начинот на поднесување на перодичниот финансиски извештај од фискални системи за регистрирање на готовински плаќања кон ДДВ-04 пријавата

СООПШТЕНИЕ НА УЈП ВО ОДНОС НА НОВАТА ДДВ ПРИЈАВА КАКО И НАЧИНОТ НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПЕРОДИЧНИОТ ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ ОД ФИСКАЛНИ СИСТЕМИ ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ГОТОВИНСКИ ПЛАЌАЊА КОН ДДВ-04 ПРИЈАВАТА

 

Врз основа на измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на РМ“, бр.12/14 и бр.46/2014), објавени се следните Правилници:

 

  • Правилник за содржината и начинот на водење на евиденцијата за прометите на инвестициско злато – во кој се пропишани обврските за водење на евиденција за даночните обврзници кои вршат промет со инвестициско злато (преземи тука);
  • Правилник за формата и содржината на даночната пријава на данокот на додадена вредност (преземи тука);
  • Правилник за формата и содржината на Извештајот за извршените промети на добра и услуги за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен прометот (преземи тука).

 

НОВ ОБРАЗЕЦ ДДВ-04

 

Даночните обврзници кои поднеле даночна пријава на ДДВ за месец февруари на стар образец ДДВ-04 и немаат примен или извршен промет на добра и услуги за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен прометот согласно член 32-а од ЗДДВ, немаат обврска да поднесат даночната пријава на ДДВ за соодветниот даночен период на нов образец.

Даночните обврзници кои поднеле даночна пријава на ДДВ за месец февруари на стар образец ДДВ-04, а имаат примен или извршен промет на добра и услуги за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен прометот согласно член 32-а од ЗДДВ, имаат обврска да поднесат ДДВ пријава за соодветниот даночен период на новиот образец.

 

ИЗВЕШТАЈ ЗА ИЗВРШЕНИ ПРОМЕТИ НА ДОБРА И УСЛУГИ ЗА КОИ ДАНОЧЕН ДОЛЖНИК Е ДАНОЧНИОТ ОБВРЗНИК КОН КОГО Е ИЗВРШЕН ПРОМЕТОТ (ОБРАЗЕЦ ДДВ-ИПДО)

 

Даночниот обврзник кој врши промет на добра и услуги, за кој даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен прометот, има обврска да изготви Извештај за извршени промети на добра и услуги за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен прометот (образец ДДВ-ИПДО).
Извештајот се доставува со пријавата ДДВ-04, за прометите извршени во соодветниот даночен период за кој се однесува ДДВ-пријавата.

 

ОДЛУКА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ДОБРАТА И УСЛУГИТЕ ЗА КОИ ДАНОЧЕН ДОЛЖНИК Е ДАНОЧНИОТ ОБВРЗНИК КОН КОГО Е ИЗВРШЕН ПРОМЕТ ОД СТРАНА НА ДРУГ ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК

 

Во „Службен весник на РМ“ бр.45/2014 година, објавена е Одлуката во која се определуваат добрата и услугите за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен промет од страна на друг даночен обврзник.

Во оваа Одлука се наведени добрата и услугите поврзани со градење, вклучувајќи одржување и реконструкција на градби или нивни делови, видовите отпаден материјал и недвижностите во извршна постапка или во постапка на присилна наплата по пат на јавно наддавање врз кои се применува Reverse charge механизмот.

 

НАСОКИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПЕРОДИЧНИОТ ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ ОД ФИСКАЛНИ СИСТЕМИ ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ГОТОВИНСКИ ПЛАЌАЊА КОН ДДВ-04 ПРИЈАВАТА

 

Согласно со член 41 од Законот за данокот на додадена вредност, даночните обврзници за ДДВ имаат обврска кон ДДВ-пријавата да поднесат периодичен финансиски извештај од одобрените фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања.

Во врска со начинот на исполнување на оваа законска обврска, ги известуваме даночните обврзници дека прилозите – периодични финансиски извештаи треба да ги пополните on-line во системот е-Даноци со сумарни податоци за сите фискални каси, во табелата „Податоци од периодични извештаи од одобрени фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања“.

 

Со ова престанува обврската за прикачување на скенирани периодични финансиски извештаи како прилог кон ДДВ-пријавата.

  • Објавено на: 20/03/2014
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.