+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Предлог измените на даночните прописи (данок на личен доход, ДДВ и данок на добивка) влегоа во Собраниска постапка (детално за измените повеќе ќе се осврнеме на обуките на МСФИ Консалтинг кои ќе се одржат на 23 и 24 Декември 2022 година)

Во собраниска процедура влегоа измените и дополнувања на Законот за данокот на личен доход, Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за данокот на добивка.

  1. Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за данок на личен доход ги содржи следните решенија:
  • отпочнување со оданочување на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд стекнати од 1 јануари 2023 година;
  • промена на концептот на оданочувањето на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд, во однос на периодот на поседување, стапката на оданочување и начинот на пресметување и плаќање на данокот;
  • одложување на оданочувањето на каматите од орочени депозити до денот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија;
  • допрецизирање и доуредување на основата за оданочување на немонетарните бенефиции на даночните обврзници кои остваруваат доход по тој основ;
  • укинување на ослободувањето од оданочување на уплатената премија за животно осигурување, уплатена премија за доброволно здравствено осигурување и уплатениот придонес во доброволен пензиски фонд за вработените лица;
  • утврдување на третман на непризнат расход на целиот износ на уплатената премија за животно осигурување кај самостојните вршители на дејност;
  • укинување на прогресивното оданочување и оданочување на остварениот доход со единствена стапка од 10 %, односно 15 % за доходот од добивките од игрите на среќа;
  • доуредување на постапката на даночно изземање или намалување согласно со меѓународните договори за одбегнување на двојното оданочување на доходот кој го остварува странско физичко лице;
  • допрецизирање на одредбите од законот кои што се однесуваат на основата на оданочување на капиталните добивки и доуредување на ослободувањата кај капиталните добивки.

 

  1. Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност ги содржи следните решенија:
  • Оданочување на одредени производи за човечка исхрана коишто не се дел од основните производи потребни за човечка исхрана со повластена даночна стапка од 10 проценти;
  • Намалување на стапката за прометот со менструални производи;
  • Намалување на даночната стапка за дигиталните учебници;
  • Доуредување на одредбите коишто го дефинираат местото на прометот на услуги;
  • Воведување на терминот даночен застапник;
  • Уредување на даночниот третман на прометот преку вредносни ваучери;
  1. Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот добивка ги содржи следните решенија:
  • Утврдување третман на непризнат расход на целиот износ на трошоците по основ на уплатени премии за осигурување на живот на вработените
  • Укинување на правото на намалување на пресметаниот данок за износот на донираните средства на спортски субјекти
  • Укинување на обврската за задолжително поднесување на извештаите за трансферни цени, односно пропишување обврска за нивно доставување само по барање на Управата за јавни приходи
  • Укинување на постојното ослободување од обврската за плаќање на годишен данок на вкупен приход на субјектите со остварен вкупен приход во годината до 3.000.000 денари

Детално низ повеќе примери за измените на претходно наведените даночни прописи ќе се осврнеме на советувањата кои МСФИ Консалтинг ќе ги одржи на 23 Декември 2022 (петок) и 24 Декември 2022 (сабата).

  • Објавено на: 13/12/2022
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.