+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Право на работниците на неплатено отсуство

Zena menaxerПравото на неплатено отсуство е утврдено со Законот за работните односи („Службен весник на РМ“ бр. 62/05… 25/13), а одредби со кои се уредува правото на неплатено отсуство од работа, содржат и Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството („Службен весник на РМ“ број 84/2010 , 81/12), Општиот колективен договор за јавниот сектор („Службен весник на РМ“ бр. 10/08 и 85/09), како и одделни колективни одговори на ниво на гранка, односно оддел.

 

Со одредбите од член 147 од Законот за работните односи утврдено е право на работникот на неплатено отсуство од работа, при што е дефинирано дека за време на ова отсуство работникот:

 

  • нема право на надомест на плата и
  • нема право на придонеси на плата.

 

ЗРО го ограничува времетраењето на неплатеното отсуство до три месеци  во текот на календарската година и упатува со  колективен договор да се утврдат случаите кога работникот може да користи неплатено отсуство.

 

Со ЗРО е утврдено дека за време на неплатеното отсуство на работникот му мируваат правата и обврските од работен однос.

 

Во случај на користење на неплатено отсуство до три месеци, Друштвото работодавач го одјавува работникот во Агенцијата за вработување согласно Одлуката за одобрување на неплатено отсуство и МПИН Пријавата се пополнува без вработениот. Друштвото во МПИН пријавата може да продолжи да ги прикажува работниците кои користат неплатено отсуство со пополнување на МПИН пријавата  така што за деновите на неплатен одмор се пополнува позицијата 3.6 ц – Неплатени часови.

Во Написот кој може да да го симнете со кликнување подолу на преземи се осврнуваме на законските аспекти кои го нормираат правото на работниците на неплатено отсуство

 

Право на работниците на неплатено отсуство (ПРЕЗЕМИ)

  • Објавено на: 12/09/2013
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.