+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Потсетување: 7 Октомври 2022 година краен рок за упис на лиценцата за работа на друштвата за вршење на сметководствени работи, ТП сметководител и ТП овластен сметководител во ЦРМ

Почитувани колеги од друштва за вршење на сметководствени работи (сметководствени бироа), ТП сметководители и ТП овластени сметководители,

Ве потсетуваме дека на 7 Октомври 2022 година истекува законскиот рок пропишан со член 63 став 4 од Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник Република Северна Македонија“ број 173 од 01.­08.2022) според кој трговците поединци – сметководители, трговците поединци – овластени сметководители и друштвата за вршење сметководствени работи на кои им е издадена лиценца за вршење на сметководствени работи согласно со одредбите од Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија бр.95/12…93/17) и кои до денот на влегувањето во сила на овој закон податокот за издавањето на лиценцата за работа не го запишале во Централниот регистар, да извршат упис на податокот за издавање на лиценцата во Централниот регистар во рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон (до 7 Октомври 2022 година). Во продолжение Ви го даваме известувањето на ЦРМ.

Известување на ЦРМ во однос на обврската на трговците поединци – сметководители, трговците поединци – овластените смет­ко­во­ди­те­ли и друштвата за вршење сметководствени работи за упис на лиценцата во Централниот регистар на РСМ

Почитувани, Ве известуваме дека во („Службен весник Република Северна Македонија“ број 173 од 01.­08.2022 година објавен е: Закон за вршење на сметководствени работи. Овој Закон вле­гу­­ва во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на РСМ”.

Од Законот за вршење на сметководствени работи  член 63 став 4, произлегува законска об­вр­ска за трговците поединци – сметководители, трговците поединци – овластените смет­ко­во­ди­те­ли и друштвата за вршење сметководствени работи кои се запишани во „Регистарот на тр­гов­ци­те поединци – сметководители”, „Регистарот на трговците поединци – овластените смет­ко­во­ди­тели ” и „Регистарот на  друштвата за вршење сметководствени работи” на кои им е из­да­де­на ЛИЦЕНЦА за вршење на сметководствени работи и кои до денот на влегувањето во сила на овој Закон, податокот за ЛИЦЕНЦА за работа не го запишале во Централниот регистар на РСМ се должни да извршат упис во Централниот регистар во рок од 60 дена од денот на влегување во сила на Законот за вршење на сметководствени работи.

Постапката за упис во Трговскиот регистарот и регистарот на други правни лица што се во­ди во Централниот регистар на РСМ се поведува со поднесување пријава за упис во елек­трон­ска форма преку едношалтерскиот систем, согласно Законот за едношалтерски систем и водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица („Службен весник на Ре­пуб­лика Македонија“ бр. 84/05, 13/07, 150/07, 140/08, 17/11, 53/11, 70/13, 115/14, 97/15, 192/15, 53/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19, 122/21 и 215/21) и Законот за трговски друштва („Службен весник на Република Македонија“ бр. 28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16, 64/18 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“бр. 290/20, 215/21 и 99/22).

Кон пријавата за упис како прилог се приложува Лиценцата за работа.

Уписот може да се изврши преку регистрациони агенти – адвокати, како и од страна на са­мите сметководители, доколку секој учесник во постапката поседува дигитален сер­ти­фи­ка­т, што значи дека прилогот кој се доставува, односно Лиценцата за работа, потребно е дигитално да е потпишана со дигитален сертификат од органот кој ја издава.

МСФИ Напис: Донесен нов Закон за вршење на сметководствени работи (ПРЕЗЕМИ)

Закон за вршење на сметководствени работи – Службен весник РСМ број 173/2022 (ПРЕЗЕМИ)

  • Објавено на: 03/10/2022
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.