Во Службен весник на РСМ број 192 од 14 Септември 2023 година објавена е Одлука на Владата за Забрана на трговците да вршат трговија со одделна стока. Со оваа Владина Одлука се забранува на трговците кои вршат трговија на мало на земјоделски и прехранбени производи да нудат акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција), со исклучок на алкохолни и безалкохолни пијалоци, при нивно ставање во промет.
Оваа Владина Одлука влегува во сила со денот на објавување во Службен весник, односно на 14 Септември 2023 година ќе се применува до 30 ноември 2023 година.
Одлука за забрана на трговците да вршат трговија со одделна стока (ПРЕЗЕМИ)