Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика од 20 Ноември се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,12 отсто, односно бензините за 1,50 и 1,00, а дизелите за 0,50 денари за литар.
Со ова зголемување малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 80,00, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 81,50 ден/лит. Со корекциите од полноќ ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава 72,50, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 61,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,520 ден/кг и ќе изнесува 42,937 ден/кг.