По двомесечно континуирано намалување на цената, бензинот од 17 јули 2012 година е поскап за 5 денари, а дизелот за 4 денари. Регулаторната комисија за енергетика во Службен весник на РМ број 89 од 2012 година ја објави Одлуката за определување највисоки цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно методологијата со што се зголемија цените на бензините и на дизелот, при што „евросупер БС-95“ сега се продава за 80,5 денари, додека „евросупер БС-98“ за 82 денари. Новата цена на дизелот е 68,5 денари. За четири денари поскапе и екстралесното масло за домаќинството, кое сега чини 57 денари за литар. Повисока цена има и мазутот, кој поскапе за 3,077 денари за килограм и се продава за 42,460 денара.
Од 17 јули 2012 година бензинот поскап за 5 денари
Други написи за преземање
МСФИ потсетување: 15 јануари 2025 година краен рок за уплата на 2% од вкупните приходи за работа во недела и државни празници
МСФИ потсетување: 15 јануари 2025 година краен рок за регистрација и дерегистрација од системот на ДДВ
Excel алатки за составување на Годишната сметка за 2024 година за профитни друштва, непрофитни субјекти, буџетски корисници, ТП и СВД
Објавена Нова тарифа на надоместоци на Централниот Регистар на РСМ
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.