Согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика од 11 Септември 2012 година намалени се цените на горивата и тоа бензините поефтинуваат за 2 денари, а дизел горивата за 1 денар по литар.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 88 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 73,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 62 денари за литар.