+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Oбјавена референтната стапка за утврдување на казнената камата за првото полугодие од 2013 година

Од страна на НБРМ со  Одлука број 10257 од 31 Декември 2012 година објавена е референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата за долг во денари, за периодот од 01.01.2013 година до 30.06.2013 година. Согласно Одлуката на НБРМ  референтната стапка за утврдување на казнената камата за долг во денари е во иста висина како и за претходното полугодие и изнесува 3,75%.

Одлука на НБРМ број 10257 (преземи)

Врз основа на наведеното стапката на казнена камата за долг во денари во периодот од 1 јануари до 30 јуни 2013 година во облигационите односи помеѓу правните лица изнесува 13,75 %, додека казнената камата во облигационите  односи од кои барем едно лице е физичко лице изнесува 11,75%.

 

Едномесечната стапка на Еуробор за евра која преставува референтна стапка за утврдување на казнената камата за долг изразен или определен во странска валута изнесува 0,109 %.

 

Врз основа на наведеното стапката на казнена камата за долг изразен или определен во странска валута во периодот од 1 јануари до 30 јуни 2013 година во облигационите односи помеѓу правните лица изнесува 10,109 %, додека казнената камата во облигационите односи од кои барем едно лице е физичко лице изнесува 8,109%.

 

Подетално за начинот на пресметка на казнената камата и за нејзината висина од 2010 година до денес прочитајте во Написот Специфичности кај казнената камата (Низ прашања и одговори) кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи

 

МСФИ е-Напис: Специфичности кај казнената камата (преземи)


  • Објавено на: 03/01/2013
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.