+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




МСФИ Вести: Објавена Одлуката на Владата со која се намалуваат цените во трговијата на мало на тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки во периодот од 30 март до 31 мај 2023 година

Во Службен весник број 70 од 30 март 2023 година објавена е Одлука на Владата на РСМ за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало. Со наведената владина одлука се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на следните производи:

  • тоалетна хартија,
  • влажни марамчиња,
  • пелени за деца и возрасни (дајперси) и
  • хигиенски влошки.

Највисоките цени на претходно наведените производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 20 март 2023 година, во трговијата на мало, кои цени се намалуваат за 13%.

Оваа владина одлука е донесена врз основа на член 30 став 1 алинеја 2 од Законот за трговија („Службен весник на РСМ“ бр.16/04…150/22) и вака определените највисоки цени ќе се применуваат до 31 мај 2023 година.

Владината Одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, односно на 30 март 2023 година.

Со кликнување подолу на преземи може да ја симнете Одлуката и пречистен текст на Законот за трговија.

  1. Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало – Службен весник на РСМ број 70 од 30 март 2023 (ПРЕЗЕМИ)
  2. Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало – Службен весник на РСМ број 70 од 30 март 2023 – како што е објавена во Службен Весник (ПРЕЗЕМИ)
  3. Закон за трговија („Службен весник на РСМ“ бр.16/04…150/22 (ПРЕЗЕМИ)
  • Објавено на: 30/03/2023
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.